” Крушата под круша паѓа “ , и не сме далеку од оваа народна поговорка и во прилепскиот бокс.Матеј Чатлески по стапките на својот татко Дарко Чатлески.Со многу желба, мотив за работа и надоградување во овој адреналински спорт кој бара голема ангажираност и посветеност и во рингот но и за време на тренажниот процес. И двајцата ни гостуваа во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА и во супер разговор не пропуштија да ни ги доловат сите убавини на боксот. Во моментов боксерскиот клуб АС од Прилеп е на лидерската позиција во македонската младинска боксерска лига.
Оваа генерација со која сега работиме е нова и јас како ментор сум задоволен но треба да се знае дека во боксот треба трпение за да исплива талентот и упорнноста на површина , вели Чатлески кој со своите членови неделно работи тренинзи кои се разликуваат еден со друг но го задржуваат боксерскиот интензитет и професионалност.
Инаку во боксерскиот клуб АС членуваат голем број на млади боксери кои се распределени во неколку групи и во супер модерни услови ги осознаваат тајните на овој спорта и она што е најважно имаат каде да го покажат својот квалитет но и талентот за кој макотрпно и тренираат во текот на неделата.Матеј е еден од нив кој за нашиот медиум , за време на разговорот ни ги покажа и своите медали освоени од натпреварите каде стекнува искуство во аматерскиот бокс.
Тимот на прилепскиот боксерски клуб АС и понатаму продолжува да работи а во исто време и спортски да ги едуцира младите прилепчани , кој знае можеби во иднина ќе посведочиме и на некоја титула и во професионалниот бокс , тоа можете да го дознаете и во разговорот кој во целост можете да го погледнете во видеото подолу.