18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Победа ремизираше во Скопје

Екипите на Работнички и Победа одиграа нерешено 0:0 на пријателскиот меч попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје. Во првото полувреме домашните двапати се заканија со добри шанси, но голманот Тофилсоки одбрани. Во вториот дел скопјаните имаа еден остар удар кој го одбрани голманот Котевски. И Победа се покажа во добро издание, со неколку обиди пред домашниот гол. Ремито е поволен исход за новиот прволигаш. Екипата на Победа настапи со Тофилоски, Бошески, Стомнароски, Делов, Аргон, Дебрешлиоски, Тодороски, Петејчук, Мазари, М. Наумоски и Б. Спиркоски, а во вториот дел имаше повеќе измени.

Следниот тест на тимот од тренерот Бобан Бабунски е со прволигашот Струга.

Извор:www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Пораз на ракометарите на Прилеп во салата Јасмин во Кавадарци (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Боксерскиот клуб АС се закити со медали од државното првенство

Елизабета Филипоска

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе