1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Комуналните претпријатија пред банкрот, бараат помош од Владата!

Многу е веројатно, и тоа за скоро време, јавните комунални претпријатија да не можат да ги исполнат обврските кон граѓаните поради драстичниот пораст на цените на енергенсите, а пред се’ на електричната енергија. Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) бара средба во Владата бидејќи според директорите на јавните комунални претпријатија кризата го доверува во прашање нормалното работење и обезбедување на комуналните услуги.

„Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква ситуација излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на Владата како начин заеднички да го заштитиме стандардато на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги“, посочи денеска на прес конференција пред Владата Пеце Милевски претседател на здружението АДКОМ.

Проблемите со високите сметки за струја се исти во сите комунални претпријатија, а особено се изразени во дејностите каде во моментов нема замена за електричната енергија, како што се пумпни станици за вода, пречистителни станици и друго. Состојбата е алармантна и во прилепски Водовод и канализација.

„На некои јавни претпријатија сметките за струја им доаѓаат петкратно повисоки. Конкретно сметката за струја во моето јавно комунално претпријатие е зголемена петкратно, или во просек за 2021 година просекот изнесувал 900 илјади денари месечно, а наредните месеци достигнува сума до 5 милиони денари. Значи таа разлика која што се појави со електричната енергија го става под знак прашање функционирањето на ова јавно претпријатие. Додека некои други јавни комунални претпријатија веќе се соочуваат со проблем бидејќи не можат да ја платат таа електрична енергија и тука веќе се соочуваме со проблем – што после тоа,“ запраша Игор Гулабоски директор на ЈКП Водовод  и канализација Прилеп.

Во АДКОМ членуваат 90 Јавни претпријатија од Македонија, кои бараат Владата да им излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите, односно да ја покрие разликата меѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија, бидејќи според нив Владата е таа која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи, и со тоа директно има влијание врз нивното работење и опстојување.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Цепенков изложба на големите јапонски мајстори за дрворези

Пела Редакција

Мајкл Дамески, танчерот кој го освојува светот

Гордана Цветаноска

НБРМ: Плаќајте со картички или електронски, не со готовина!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе