1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

ПОБЕДА СЕ ЗАСИЛУВА СО НОВИ ИГРАЧИ

Прволигашот Победа објави трето заасилување – Хамза Рамани, 19-годишен играч за врска кој доаѓа од струмичка Беласица.  Претходно Рамани има играно за Велешта и Велазерими, а матичен клуб му е Шкупи.

Во прилепскиот клуб за викендот потпишаа и Методија Делов од Тиквеш, 29-годишен централен дефанзивец и Христијан Коцев од Македонија ЃП, 22-годишен играч по левата страна.

Од клубот сметаат очекуваат и  нови играчи затоа што многумина домашни и странски фудбалери се заинтересирани да настапуваат во црвено-белиот дрес на Победа.

Инаку, Победа своите тренинзи ги обавува на стадионот на Могилата на непобеденит и веќе во сабота на 23-ти јули во Струга е закажан  контролен меч со домашниот прволигаш Струга Трим Љум.  В среда на 27-ми јули на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” од 17.30 часот, љубителите на фудбалот ќе можат да ја погледна играта на Победа, која на свој терен во подготвителниот период, ќе одигра пријателски меч со албанскиот тим Егнатиа.

 

Дел од текстот преземенhttps://shampion.mk/

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА Е СЕДМА

Прилепчанката Велевачкоска, главен судија на фудбалски натпревар во Втората лига мажи

Гордана Цветаноска

ДВА ПРЕСВРТА ЗА ТРИУМФ НА ВОСКА ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе