Во текот на изминатата вечер (23/24.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полицијаи Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.
При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г.(25) и В.Ј.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници. За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
За време на контролите во угостителски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани