26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

За 7 часа контрола во Прилеп санкционирани 34 возачи

Мобилната полициска единица за безбедност на сообраќајот на патиштата изминатата ноќ, (23/24.07.2022)  во периодот од 21 до 4 часот ,  спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што се санкционирани 34 возачи.
Од нив, како што информираат од  МВР, 12 возеле без возачка дозвола,  а 10 управувале возила под дејство на алкохол, при што 27 возачи се исклучени од сообраќај.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта –  се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Повотрно тепачка во Прилеп

Две лица синоќа физички нападнале полициски службеник, вработен и купувач на бензиската пумпа

Три лица повредени во директен судар на возила на патот Прилеп – Крушево кај с. Мало Коњари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе