7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Проблеми со водоснабдувањето во Крушево

Градот Крушево ноќеска и во утринските часови се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Како што информираат од јавното комунално претпријатие Комуна детектиран е застој во работата на водоводните пумпи во системот. Поради тоа, а да се остранат евентуалните дефекти и денеска во поедини делови од  градот нема да има редовно водоснабдување:

Во текот на изминатата ноќ забележани се проблеми во процесот на пумпање на вода и генерално водоснабдување на град Крушево. За да се испитаат проблемите и со цел да не се доведеме до ситуација на поголеми проблеми утрово ќе има прекин на вода.

По завршување на испитувањето на состојбите ќе се рестартира редовното водоснабдување.

Еве во кои делови од градот ќе има прекин на вода:Центар, Партизанска, Питу Гули, Коча Миленку, Манчу Матак, Нико Доага, стои во соопштението од ЈКП Комуна Крушево.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во Крушево и се расчистува за безбеден пристап во центарот на градот

Елизабета Филипоска

Се зафаќаат нови извори за дополнителна вода за с. Норово

Гордана Цветаноска

Танцот на облаците над Крушево (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе