16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Продолжуваат акциските контроли во Прилеп, приведени четири лица, 16 санкционирани возачи

Изминатата ноќ била спроведена акциска контрола во Прилеп, при што биле приведени четири лица, а санкционирани биле 16  возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи:
Во текот на изминатата вечер (25/26.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп. За време на контролите четири лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик. Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола. Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Моторциклист се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа со автомобил

Пела Редакција

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Пела Редакција

Казнети 77 возачи во пелагониско кои возеле побрзо од пропишаното

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе