2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепските пожарникари добија донација

ТППЕ – Прилеп од Дирекцијата за заштита и спасување денеска доби донација  –  комплет спасувачки систем за стабилизирање и подигнување при елементарни непогоди (земјотреси) и комплексни сообрајќајни незгоди и сет за спасување од поплави. Опремата е во вредност од 30 илјади евра и за нејзино користење пожарникарите ќе треба доправа да се обучуваат. ТППЕ Прилеп која покрива најголема територија во Македонија  се соочува со недостиг од кадар бидејќи моментално работат 35 пожарникари со просечна возраст од 50 години. Што се однесува до теренските возила тука состојбата е многу лоша. “Моментално поседуваме 8 возила од кои неколку не се 100 % исправни,” вели командирот на ТППЕ Прилеп Виктор Стојчески.  Градоначалникот Борче Јовчески при  примопредавањето на опрeмата најави за идни инвестиции во подобрување на состојбата.

–  Сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално подготвени противпожарни единици, кои ќе можат веднаш, ефективно да одговорат на потребите на граѓаните, кога се во прашање незгоди, пожари или елементарни непогоди.Ние во иднина како локална самоуправа, пред се’ би работеле во насока на оспособување на теренските противпожарни возила кои не функционирале и претходно, но и на набавка и изнаоѓање на донација за поквалитетни противпожарни теренски возила, бидејќи техничкиот парк на оваа клучна институција за заштита на населението во Прилеп, долги години не е обновен, посочи Јовчески упатувајќи апел до граѓаните за поголема претпазливост за превенирање од пожари.

Инаку, ваква опрема имаат добиено 14 територијални противпожарни единици во состав на Републичките сили за заштита и спасување, од средствата наменети за купување опрема за пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Два активни пожари во прилепско- во гаснењето вклучена и Армијата

Елизабета Филипоска

Во сообраќајка загина 21-годишно момче на излезот од Прилеп кон Битола

Штетата од невремето во прилепско проценета на над 3 милиони евра

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе