-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Пожарот на Криволак го гаснат армиски и полициски хелихоптери

За состојбата со пожарот на Криволак на социјалните мрежи информираат од Центарот за управување со кризи. Како што се наведува во соопштението, утринава директорот на Стојанче Ангелов извршил извидување на три активни пожари во Македонија, од кои најголемиот е во Криволак.

„Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни“, посочува Ангелов.

Вториот пожар е нов пожар што е забележан за време на утринско хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде што е зафатена дабова шума и постои можност за проширување. Како што кажа Ангелов, овој пожар го гасат екипи од ТППЕ Радовиш со теренско ПП возило. Третиот пожар што во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во Општина Василево, Струмичко во текот на ноќта го намалил својот интезитет. Во случај на потреба за дополнително воздушно гасење на пожарот, на располагање стои и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Пела Редакција

Стевaноски: И покрај одлуките на судската власт, иницијативата за „Спас за Прилеп“нема да запре

Пела Редакција

Попоска: Дојдете на роденден со добра музика и многу гости (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе