7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Прилепчанец починал додека го напасувал добитокот

Вчера во близина на новите гробишта во Прилеп, од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт кај К.Ј.(75) од градот, чие што тело се наоѓало во автомобил. Од страна на увидна екипа од Полициска станица Прилеп извршен е увид, а при разговор со В.Ј. (50) од Прилеп, син на починатиот, тој кажал дека откако добил повик од З.Н. дека нешто не е во ред со неговиот татко, се упатил кон место викано „Стопанство-Чопела“, каде што неговиот татко напасувал добиток и го забележал како лежи на ливадата без знаци на живот, најверојатно од напад на бик, информираа од МВР.

Заедно со роднината Р.Б. го ставиле телото во возилото и на пат кон градот, пред влезот на Хлорната станица, ја пресретнале екипата на Итната медицинска помош Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Се степале и агресивно се однесувале кон полицијата

Пела Редакција

Приведени тројца дрвокрадци, пронајдени нежигосани огревни дрва

Синоќа биле приведени петмина дрвокрадци и одземени 11 м3 бесправно исечени дрва

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе