9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Победа поразена во Струмица

На стадионот на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица  пријателскиот меч меѓу Академија Пандев и Победа, заврши со победа на  домаќините од 4-3.

Победа поведе со голот на капитенот Бојан Спиркоски, а до одморот, домашните израмнија на 1-1.

На почетокот на вториот дел А.Пандев ги искористи грешките на гостите и со 3 брзи гола стигна до убедливо водство од 4-1. Водството на домашните на 4-2 го намали Атдхе Мазари, а конечните 4-3 со својот втор гол-најубав на мечот од слободен удар од 20-тина метри ги постави Бојан Спиркоски.

Победа започна со: Тофилоски, Рамани, Стомнароски, Паноски, Коцев, Бошески, М.Наумоски, Тодороски, Мазари, Петејчук и Б. Спиркоски. Во вториот дел уште играа: Котевски, Хани, Делов, Џурковиќ, Симуновиќ, Џејмс и Амос.

За двата тима ова беше последниот меч пред стартот на новата сезона. Следната недела во 1-то коло Победа ќе гостува на Струга Трим Љум.

Би можело да ве интересира

Победа со триумф за прва лига против Саса!

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на спортот

ФК ПОБЕДА ВО 70-те – ГУБЕА 1:0, ПА ПОБЕДИЈА 8:1

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе