9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Голема хуманитарна акција за четирите семејства од прилепските бербери, фризери и козметичари

И еснафот на бербери, фризери и козметичари од Прилеп се вклучува во донаториските акции за помош на загрозените семејства чии шти домови беа пеплосани во пожарот при удар од гром ноќта на 28 јули. Со голема акција во организација на прилепскиот еснаф во четврток (04.08.2022), со почеток од 19:00ч. пред Градскиот саат, ќе се одржи хуманитарен хепенинг.

Целта е, ем со работа во која ќе бидат вклучени прилепските бербери, фризери и козметичари, ем со забава (Ди џеј Дејан Ефтинџиоски) присутните да користат услугите на занаетчиите и да уживаат во убава музика. Во целост собраните средства ќе бидат наменети за помош на семејствата чии домови изгopeа во пожарот предизвикан од удap на гpoм.

Би можело да ве интересира

Снегот пристигна и во Прилеп – што вели временската прогноза?

Елизабета Филипоска

Мечка гонела 15-сет годишно дете од с.Крапа (М.Брод)

Пела Редакција

Жетва богата – цена евтина, а лебот поскапува!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе