7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Победа не го совлада Тиквеш! Но, само на ова дерби имаше едноминутно молчење за Дојчиноски

Победа загуби на дерби натпреварот со Тиквеш со 1:0.  Дуелот меѓу двата ривали беше окарактеризиран како дуел од висок ризик, но мина без никаков проблем.Остана само разаочарувањето на прилепската публика која очекуваше и се надеваше на победа. За Тиквеш ова се први бодови во првиот натпревар сезонава, а Победа веќе има два порази и ниту еден постигнат гол.

Она што остави белег е дека македонските клубови и фудбалски работници на денешните средби заборавија на  величина која беше Кирил Дојчиновски, човек, фудбалер и тренер за почит, кој почина пред неколку дена. Но, прилепчани и клубот во кој кратко работеше као тренер, Победа, не го заборави, и дербито со Тиквеш го почна со едноминутно молчење.

Дојчиновски кратко, во есенскиот дел од првенството на Првата лига во сезоната 1995/96 година беше шеф на стручниот штаб на Победа. Прилепчани го паметат по неговата смиреност, студиозност и настојувањата во секоја прилика со дигнитет да се грижи за реномето на клубот кој го предводеше шест месеци.

Инаку, на денешното дерби во Прилеп се собраа десетина илјади љубители на фудбалот со цел да ја гледаат Победа  во Првата лига  по нејзиното враќање на стадионот „Гоце Делчев“ и првото претставување во оваа сезона на домашен терен, што потврдува дека сепак ова е најфудбалскиот град во Македонија.

Во следното трето коло Победа гостува во Ѓорче Петров, а Тиквеш ќе ја пречека Брегалница.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот боксерски клуб „Ас“ реди успеси

Викендов „Полумаратон“ низ улиците на Прилеп

Градоначалникот Јовчески оствари средба со девојките од Боречкиот клуб „7 ми Мај“ Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе