-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Во Прилеп физичкото насилство е секојдневна појава, три пријави во еден ден!

Дневниот полициски билтен од Секторот за внатрешни работи Битола за Прилеп и за вчера 14 ти август, содржи информации за физичко насилство:

На 14.08.2022 година во 23:40 часот во ОВР Прилеп В.Б. (32) од Прилеп пријави дека околу 18:00 часот во угостителски објект на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп  бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврди предмети. СВР Битола работи на расчистување на настанот.

На 14.08.2022 година во 22:00 часот од полициски службеници од ОВР Прилеп биле лишени од слобода А.М (25); Д.П. (32); Д.Ј.(33); В.Б. (32) и П.О. (43, бидејќи спречувале полициски службеници при вршење службени дејства. По целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 14.08.2022 година во 23:00 часот во ПС ОН Прилеп Г.М. (55) од Прилеп пријави дека во 11:30 часот на ул.„Димче Ацев“ бил физички нападнат од  М.Ш.. СВР Битола работи на расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Пред болницата физички нападнат жител од Ропотово

Гордана Цветаноска

Полицијата денеска уапси две лица кои се заканувале со пиштол

Пела Редакција

(ФОТО) Полицијата фатила четворица дрвокрадци со украдени 17м3 огревно дрво

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе