16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Битолчанец и Британец загина на магистралниот пат Битола-Прилеп, а Индиец е повреден

На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11:55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило Dacia со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило Iveco со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.

Во несреќата загинале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С. (42) од  Обединетото Кралство (Велика Британија), соопштија од СВР Битола, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.

Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.

Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а увид во присуство на јавен обвинител извршила увидната екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Две лица каснати од кучиња скитници

Двајца тешко повредени во сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола

Камион се самозапали на Плетвар во близина на с.Оревоец

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе