5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп одржа комеморативна седница во чест на Весна Ангелеска

Во чест на Весна Ангелеска, советничка во Советот на Општина Прилеп, денеска во големата собраниска сала во Општината се одржа комеморативна седница. На комеморацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски, членови на семејството на Ангелеска, колеги од општинскиот Совет, претставници на политички партии и голем број роднини, пријатели и соработници.
Во прошталниот поздрав до својата соработничка, градоначалникот Илија Јованоски рече дека Ангелеска беше пример за ведра и позитивна личност, флексибилна и одмерена, жена-борец која што секогаш стои во првиот ред на фронтот. Весна Ангелеска, рече градоначалникот Јованоски, ќе остане запаметена по нејзината конструктивност, постојана желба да им помага на граѓаните што имаат потреба од помош и подготвеност секогаш да се вклучи во проектите коишто значат напредок за градот и заедницата.
Од името на Советот на Општина Прилеп, претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски одржа проштален говор. Талевски истакна дека Ангелеска беше пример за неуморен работник, жена со нескротлив и хуман дух и голем граѓански активист, која зад себе остави многу остварени иницијативи и хуманитарни настани.
Во името на општинската организација на СДСМ – Прилеп, чиј член беше Ангелеска од 1993., последен поздрав до својата сопартијка упати Елена Ташкоска. Таа рече дека Весна беше жена, дама, другар, борец, која што со своето постоење носеше ведрина и позитивна енергија, и која со својот личен пример покажа дека и во вакво традиционално општество, на врвот може да се биде жена.
Зора Тушеска, претставничка на македонското претставничко на шведската компанија „Орифлејм“, рече дека без Весна Ангелеска, нејзина соработничка и пријателка, без нејзината енергија, плановите повеќе нема да се остваруваат брзо, дека без нејзините идеи, секој план ќе биде обичен и без сјај. Со Весна, како што рече Тушеска, во „Орифлејм“ се создадоа и останаа премногу спомени, а по неа остануваат овековечени спомени барем за три генерации.
Како претставник на блиските роднини и пријатели, Стефан Петејчук во својот проштален збор, говореше за светлиот лик на Весна, која како што рече секогаш им помагала, на оние што се во неволја. Весна им остави аманет да го следат нејзиниот пример. За неа, рече Петејчук, ништо не беше невозможно и несовладливо и таа и сега продолжува да ја испраќа својата позитивна енергија.
На комеморацијата беше прочитана и телеграмата со сочувство до семејството на советничката Весна, до градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, до претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски,советниците, роднините и пријателите испрати Заедницата на единици на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).
Со едноминутно молчење, присутните на комеморативната седница и’ оддадоа почит на прерано починатата Весна Ангелеска.

Би можело да ве интересира

Сузана Николоска од ООУ„Кире Гаврилоски Јане“ меѓу најдобрите просветни работници во Македонија

Гордана Цветаноска

Вештачкото езеро најавува тешкo лето за земјоделството

Елизабета Филипоска

Во Прилеп Давкова води со 138, а во Битола со 226 гласови пред Пендаровски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе