1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Можеби нема да бидам во Македонија, но секогаш ќе настапувам за мојата земја!

По поставениот рекорд во спелеолошкото истражување со учество во меѓународната експедиција СКАЛАР на планината Канин, на границата меѓу Словенија и Италија, Дарко Неданоски, момчето со неуморен истражувачки и спортски дух, се врати во родниот Прилеп и ги пренесе искуствата и сведоштвата за подвигот со кој Македонија ја вброи меѓу земјите рекордери во ваков тип на научни достигнувања.

Експедицијата SKALAR 2022 на планината Канин се одвиваше во периодот од 10-20 август 2022 година, а главната цел на експедицијата беше да ги истражи продолжувањата кон пештерата Мала Бока. Целта на тимот беше да се истражи можната врска помеѓу пропаста Скаларјево Брезно и пештерскиот систем Мала Бока – BC4, со што, таа би била длабока околу -1900 метри и во тој случај би била најдолгата во Европа.

Во програмата Радио што се гледа, Дарко Неданоски искрено ни ги претстави подготовките, текот на експедицијата, ризиците, како и искушенијата кои што еден ваков подвиг ги содржи.

 

„Можеби нема да бидам во Македонија, но секогаш ќе настапувам за мојата земја кога и да се укаже прилика за тоа“, рече Дарко во разговорот кој што во целост може да го проследите на следниот линк:

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца прилепчани за намерно опожарување возило

Пела Редакција

Се чистат дивите депонии од околината на Прилеп

Излезноста над 50%, се бројат гласовите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе