11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

23 Aвгуст 1992 – Триесет години македонски фудбал – исто толку време фудбалска мачнина? (ФОТО)

Домашниот фудбалски шампионат стартуваше на денешен ден  23 Август  во 1992 година.Тогаш конечно Македонија и официјално доби своја фудбалска лига.Официјално во сезоната 1992/93 година во првото коло се сретнаа Вардар – Победа 1:1, Вардарски  – Слога Југомагнат 2:0, Борец – Тиквеш 2:2, Металург – Силекс 2:0, САСА – ФЦУ 2:1, Осогово – Тетекс 3:0, Балкан – Брегалница 2:1, Македонија – Беласица 0:0 и Пелистер – Рудар 5:0.Каква беше атмосферата тогаш?…За среќа архивирана е атмосферата од пресметката на градски помеѓу Победа и Вардар а во продолжение можете и да ја погледнете.Инаку во таа прва сезона првиот постигнат погодок е дело на некогашниот битолски фудбалски бисер Бруно Пресилски кој е сега функционер во Пелистер.

Овој датум е за паметење и секако треба и мора да остане во историјата на македонскиот фудбал како почеток на една македонска фудбалска ера во која со нетрпение ќе се очекуваат дуели на фудбалските брендови во земјава како Победа , Вардар, Беласица, Силекс , Работнички, Кожув, Тетекс , Саса , Рудар, Тиквеш . Брегалница  итн итн.И навистина беше така барем кога се знаеше дека во нашава лига играат тимовите кои треба да бидат носечки , силни , стабилни и учесници во европските натпреварувања.Искрено пишувам фудбалска мачнина а знам дека треба да стои фудбалски празник.Поминале и изминале години се сменила фудбалската карта во земјава и нели е тоа мачнина? …. нема бомбастичен распоред на натпреварите  , нема атракција а за жал нема ниту финансии …една слика која сега депримира.Замислете на различна фрекфенција се Победа , Силекс , Македонија Ѓорче Петров со Вардар , Пелистер и Беласица ? Едните , во најквалитетното друштво каде се провлекуваат или не им цветаат рози а зошто , затоа што некои други фудбалски структури се сега плеадата на македонскиот фудбал?….Е да ни беа тука сега после триесет години сите оние успеси кои го пратеа прилепскиот фудбал…и можеби уште повеќе ќе вриеше на градски,,,,Вака чекаме на подобри времиња за нашата , Победа на која пак сега и е потребна најголемата подршка , но не за да опстане туку да се издигне …да биде стабилен прволигаш и повторно да блеска на терените ширум земјава….И не само мојата Победа туку и сите други брендови кои треба да го исполнат празното место во најквалитетното друштво кај нас ….Празнина и мачнина за која нема кој не зборува и спортските кулоари и спортските работници и цела….фудбалска нација.

Спомените остануваат и сеуште ги галат фудбалските срца , но потребни се нови успеси , нова фудбалска магија во градот под Марковите Кули , во градот на Конзулите , кај скопските црвено црни , кај струмичката гордост , кај тетовската традиција.Дотогаш сакале или не ќе треба да го забележиме овој датум 23 Август 1992 , стартот на македонската фудбалска лига.Сите сакаме подобри фудбалски времиња со најдобрите клубови во најдобрата , нашата македонска фудбалска лига.На крајот доколку го погледнавте видеото сигурно ќе го забележевте ова:

1:30 – Чкембари во Прилеп за да ја поддржат Победа.
2:16 – Голот на Наумовски за 1:0.
3:10 – 1:1, стрелец Тодоровски.
3:48 – Во кадар заменик министерот за образование и физичка култура.
4:29 – Атмосфера на клупите.
5:37 – „Можеше да замижиш“, му вели еден цар меѓу тренерите на судијата.
6:10 – Изјави на тренерите.
7:52 – (ЗАДОЛЖИТЕЛНО) На ликот облечен цел во жолто чичкото му прави уши.
9:57 – Шорцот на тој лево.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Никола Димески

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Пела Редакција

ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА : Прилепчаните Ице Трајкоски и Матеј Чатлески ќе настапат на овој спектакуларен боксерски настан

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе