3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОО на СДСМ со реакција: Господине Јовчески, од вистината бегање нема!

Со писмена реакција се обратија од ОО на СДСМ Прилеп, по повод двете прес конференции  одржани денеска од страна на Општина Прилеп и ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Во реакцијата се вели:

Ако се надевавте дека конечно, после цели 10 месеци откако е избран да ја води општина Прилеп, ќе го видите Борче Јовчески на некое друго место освен на положување цвеќиња по споменици, се излажавте! Очајот, безидејноста на градоначалникот Јовчески и ВМРО ДПМНЕ Прилеп оди до таа мера, што нема храброст да се појави во јавност, да се извини затоа што бесрамно лажел за се’ што ветил во изборната програма. Немајќи храброст да го направи тоа, Јовчески се крие од граѓаните и медиумите и ги испраќа портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ да ги вадат „жешките костени“, надевајќи се дека ќе го покријат неговото неработење.

Господине Јовчески, од вистината бегање нема!

Последиците од твојата неспособност се видливи на секој чекор.

Еве само еден мал дел од лагите на Борче Јовчески и ВМРО ДПМНЕ,

  • Ги излажа учениците до четврто одделение дека ќе добијат бесплатен оброк;
  • Ги излажа децата од социјално загрозените семејства дека ќе им обезбедиш бесплатни училишни униформи;
  • Ги излажа граѓаните дека ќе изградиш три кружни текови, две катни гаражи и дека ќе воведиш бесплатен градски превоз за пензионерите со минимална пензија;
  • Излажа дека ќе ги намалиш сметките за вода, дека ќе го стопираш бесправното градење, дека ќе го помагаш спортот, посебно фудбалот и ракометот.

Се’ што кажа, излажа! Лажиш и сега кога бараш изговор за твојата неспособност да ги реализираш проектите за кои Владата на СДСМ обезбеди средства: реконструкција на улицата „Леце Котески“ и изградба на водоводот за манастирот „Трескавец“. Јавно Ве повикуваме,доколку располагате со било каква документација со која централната власт ве опструира во реализирање на овие проекти,слободно охрабрете се и доставете ги до јавноста.

Редно е да прекиниш со вдомувањето на твоите другари, со згрижување на медицинскиот персонал од твојата приватна амбуланта во Општина Прилеп. Доста беше со вработувањата во општинската администрација, во која само од први јануари до први јуни оваа година, вработи нови 45 партиски војници! Јавно ве повикуваме да ги објавите со име и презиме на официјалната веб страна на Општина Прилеп нововработените во ЈП Водовод и канализација, а и кои олигарси раководат со вашиот кабинет и со Вас. Твоето недомаќинско и расипничко трошење на парите на граѓаните, многу скоро ќе доведе до зголемување на  цените на услугите кои ги даваат јавните претпријатија и ќе удри по џебот на прилепчани, сели во писмената реакција од Центарот за комуникации при ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Зоран Пачешкоски е новиот претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Елизабета Филипоска

ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП: ДАЛИ ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА Е ОСИГУРАН

Пела Редакција

Лашкоска: ВМРО-ДПМНЕ бара изменување и дополнување на Законот за тутун

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе