-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Пример за почит – пратеничката плата за помош

Пратеникот Миле Талевски, денеска донираше ваучер во висина на пратеничка плата за градежни материјали, како помош на семејствата чии што куќи изгореа до темел во пожарот предизвикан од гром на 28 ми минатиот месец во Прилеп.  Тој воедно упати на социјалните мрежи апел до сите добронамерни луѓе, стопанственици да помогнат на овие прилепски семејства за што побрзо да го надминат тешкиот период и да се вратат во своите домови:

Денеска ги посетив семејствата чии куќи неодамна изгореа во пожар. Глетката е се уште страшна. Пожарот им однесе се’ што граделе и создавале низ годините. Во овие тешки моменти за семејствата, секоја помош, дури и онаа минималната, е голема и значајна.

Куќите изгореа целосно. Но, не смее да изгори и надежта во нивните срца дека домовите ќе им бидат обновени. Не смее да згасне вербата кај овие наши сограѓани дека повторно ќе имаат домови во кои ќе бидат присутни среќата и детскиот џагор.
Затоа, денеска им донирав ваучер за градежни материјали во износ од една пратеничка плата. Ги охрабрувам сите носители на јавни функции да го сторат истото. Ајде сите заедно да им помогнеме на овие наши сограѓани. Ајде со личен пример да поттикнеме уште поголема хуманост кај нашите прилепчани и кај стопанските субјекти од градот, кои не пропуштаат да подадат рака кога е најтешко.

Во пожарот предизвикан од гром на една од терасите, и покрај брзата интервенција на ТППЕ Прилеп, поради ненавремена реакција на ЕВН за исклучување на електричната енергија, за неколку минити изгореа четири куќи кои беа слепени една до друга. Немаше повредени, но за семејствата сеуште трае агонијата за реконструкција или евентуална повторна изградба на домовите.

Би можело да ве интересира

„ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ„ ГИ НАГРАДИЈА ЗА НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА, А ТИЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА И „ТРИМИР„ ЖЕНСКИ ПРАЗНИК, ПРАЗНИК НА АРМАСАНИТЕ ДЕВОЈКИ, АДЕТ ВЕКОВЕН ВО ПРИЛЕП!

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Најстариот станар во прилепскиот дом 93 годишниот Крсто вели: „Најдобар рецепт за долговечност е “да не се зема се’ на срце„

Елизабета Филипоска

Да ги заштитиме најмладите – Внимателно со новогодишните пакeтчиња и безбедност на продуктите во нив

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе