Привршува изградбата на спортската теретана на отворено која содржи четири справи за вежбање и тоа: кондиционен статичен велосипед, справа за склекови и стомачни, horizontal bar and pull up и справа за кардио која се гради во склоп на дворот на спортската сала во Новаци. Тоа ќе биде фитнес катче наменето за сите рекративци.
„ Поставуваме 4 справи во склоп на дворот на спортската сала во Новаци, каде младите, па и повозрасните жителите на општината ќе можат да рекреираат и вежбаат на најсовремени фитнес апарати и најсовремена фитнес опрема.Вкупниот износ на спортската теретана на отворено 268.386,00 денари од кои 2000 евра од Здружението Пролокал и донаторот Холандска амбасада а остатокот во висина од 148.386 денари се обезбедени од Општина Новаци со одлука од совет,“ вели градоначалникот Стевче Стевановски.
Проектот го реализира Општина Новаци во соработка со Здружението за унапредување на демократските процеси Про Локал од Битрола. Финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА.
Претходно беше потпишан Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион помеѓу Про локал и општините Новаци, Могила, Крушево, Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани. Целта на оваа соработка е преку имплементација на проектот „ Зајакнување на луѓето во Пелагонија“ активно учество на младите луѓе од руралните средини и зајакнување на демократските процеси на локално и регионално ниво.