-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Земјоделците не се доволно информирани за користење на финансиската поддршка

Креирање на програма за рурален развој по терк на земјоделецот -беше темата на денешната информативна средба со земјоделците, на иницијатива на невладината Рурална коалиција. Недоволната искористеност на средствата од Националната програма (Програма за рурален развој) се должи токму на неиформираноста на дирекните производители, беше генералната констатација на средбата. Од предвидените средства на годишно ниво се искористуваат само 30-тина проценти, од кои најмногу за набавка на механизација, а сосема малку за другите мерки.

– Причините поради кои не аплицираат земјоделците се тоа што тие велат дека не добивале навремено информации за програмата и можностите кои што ги нуди, особено доколку се жители на поодалечените рурални средини. Средствата остануваат неискористени или исклучиво се користат само мерките за набавка на механизација или трактори. Немаат доволно информации, незнаат како да аплицираат, тоа се главните причини зошто тие не аплицирале, вели Лилјана Јоноски, извршна директорка на невладината „Рурална коалиција“ Куманово.
Средствата остануваат на располагање, но не се искористуваат, односно наменски се користат само 30 д 40 отсто.
Јавен повик за Националната програма за 2018 година ресорното министерств сеуште нема објавено.

Денешнатa е прва од низата информативни трибини во сите плански региони кои на иницијатива на Здружението „Рурална коалиција“ се преземаат како граѓанска иницијатива со поддршка на Civica mobilitas со која што треба да се креира една програма за рурален развој по терк на земјоделците и ќе ги вклучува сите нивни потреби, се со цел повеќе да се искористат средства од оваа програма и да се подготват подобро земјоделците за апликации за ИПАРД програмата.

Би можело да ве интересира

Уште неколку денови за пријави за субвенции за предадено млеко во подрачните единици на МЗШВ

Гордана Цветаноска

ССК: Кризата е предизвик, нова шанса и можност за развој

Граѓанското здружение “ПАЗАРИ” бара пазарот наместо на улица, да се в сели во градскиот пазар

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе