6.2 C
Прилеп
четврток, 14 ноември, 2024
Пела Радио

Возилата во Македонија со просечна старост од близу 19 години

Според последните податоци на Еурoстат во 2017 година во Македонија имало вкупно 403.316 возила. Единствено Малта има помалку возила на своите патишта од нас (291.664). Од 2013 година до 2017 година бројот на возила во Македонија пораснал за 70.000.


Македонија е на претпоследното место со само 194 возила според бројот на автомобили на 1.000 жители, (единствено Турција има помалку од нас – 149).
Возниот парк во Македонија во 2018 година го сочинуваат 415.062 возила. Просечната старост на возилата е околу 18,7 години. При самото дно сме и по вкупниот број на регистрирани возила и според староста.
Податоците на Еуростат велат дека дури 84,08 отсто од возилата по македонските патишта се со старост меѓу 10 и 20 години. На оние со старост од 5 до 10 години отпаѓа 11,5 отсто, а возила со старост до две години имаме само 1,94 отсто. о, не сме тука најлоши бидејќи во Полска овој процент е највисок.
Убедливо најмногу возила има во Германија – 46,4 милиони, па потоа следува Франција со 32 милиони и В.Британија со 31 милион. И годинава во првите 6 месеци продолжува трендот на увоз на половни возила. На секое едно ново увезено возило има пет половни.

Би можело да ве интересира

Продолжува склучувањето на договори за производство на тутун

Гордана Цветаноска

Земјоделците незадоволни од работата на ресорното министерство за периодот од 2013 до 2016 г.

Гордана Цветаноска

Две минимални платни недоволни за полнење на потрошувачката кошница

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе