11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Втор ден блокада и протести на вработените на Еурокомпозит

Вработените од Еурокомпозит ја губат надежта дека некогаш ќе се решат долгогодишните наталожени проблеми во компанијата, но и дека актуелната централна власт ќе го испочитува ветеното. Денеска втор ден тие го блокираа регионалниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост револтирани поради непочитување на нивните човечки и синдикални права, исплата на редовна плата и подмирување на заостанатите плати и придонеси.
– Еве веќе два дена никој ниту се има јавено да не извести што се случува и дали има надеж за нашава фирма.Продолжуваме со нашите протести и штрајкови, го злолемивме времетрањето за еден час. Нашите согледувања и внатрешно синдикални договори се да си поднесеме сите вработени колективна оставка од работа и вторник или в среда да одиме пред Владата како невработени, па владата нека ни бара работни места. Доколку не им треба оваа фабрика, слободно нека ја затворат, а ние да си го бараме чарето, вели Роберт Богданоски претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит.
Претставниците од вработените велат дека ја имаат поддршката од Сојузот на синдикатите но, и покрај настојувањата да остварат средба или дополнителни информации од Владата, засега нема никакви резултати.
– Сагата наша продолжува и ние немаме друг излез освен блокади и штрајкови и протести пред Владата. Од денеска па натаму секој нареден ден во план сме да го зголемуваме времето на протестите се до исполнување на нашите барања. Ние бараме само исплата на една плата, но имаме многу други барања неисплатени придонеси за 7 години, неисплатени плати за 16 месеци, вели Цветан Бунтески од Еурокомпозит.
Поддршка за довчерашните колеги на протестот стигна и од пензионираниот прв синдикалец на компанијата Бранко Чатлески.
– Дојдов за морална поддршка на моите поранешни колеги,за надминување на оваа ситуација што никогаш досега фирмата во оваа состојба не била. Сакам да го потсетам господинот премиер Заев дека при една моја средба со него вети дека оваа фирма ако СДСМ ги добие изборите ќе застане на нозе и дека ќе добие 2 милиони евра за да може континуирано оваа фирма да работи, вработените да добиваат редовна плата и дека редовно ќе се подмирува пензиското и здравственото осигурување на вработените. Јас како вработен од Еурокомпозит заминав од фирмата како технолошки вишок и не ми се исплатени уште плати и придонесите од пензиско и здравствено осигурување. Апелирам оваа фирма може да работи, треба да работи. Ако нашата влада бара упорно да влезиме во НАТО и ЕУ, а единствена фирма во нашата држава која е од наменско производство, не успева да ја одржи на здрави нозе, не успеа да ја рестартира, јас навистина не знам што бараат повеќе, вели Чатлески, видно изреволтиран од актуелните случувања.
Протестите и блокадите на патиштата продолжуваат од понеделник со засилено темпо и зголемено времетраење. Работниците бараат исплата на редовната плата, Владата да постави нов менаџерски тим, но и континиурано средување на заостанатите побарувања на работниците на име на плати и придонеси.

Би можело да ве интересира

Крушево ќе го испитува јавното мислење за работата на општината и институциите

Гордана Цветаноска

Крај на учебната година – Од утре летен распуст

Елизабета Филипоска

Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе