10 C
Прилеп
вторник, 25 март, 2025
Пела Радио

Бабунски : И публиката и играчите и сите околу треба да знаат на кој начин игра Победа а потоа тие квалитети да се гледаат на дело (ВИДЕО + ФОТО)

Со минимални 1:0 Победа триумфираше против Брегалница и ги израдува љубителите на фудбалот во градот под Марковите Кули.Голот на Спиркоски беше бурно отпоздравен од публиката која повторно докажа дека си го сака црвено белиот фудбалски бренд и ги исполни трибините онака како што доликува.Тимот на Радио Пела сакаше од прва рака да ја слушне атмосферата веднаш по оваа победа на прилепчани па затоа разговаравме и со тренерот Бабунски.За нашиот медиум рече дека тој и неговите соработници сеуште заедно ја бараат структурата на тимот и фудбалска идеа која ќе даде стабилност а потоа ќе се види една фудбалска идеја која ќе му се допадне и на луѓето во клубот но и на градот и на навивачите.

Бабунски смета дека тоа е неговата идеа уште од почетокот на припремниот период , иако на почетокот поголемиот број на играчи во екипата се млади и со скромно искуство во прволигашкото друштво,  но со доаѓањето на новите играчи кои сеуште не се знае како ќе се развиваат, некако се доаѓа до идеата која се бара а за таква реализација треба време и синхронизација меѓу играчите.

Разговорот со Бобан Бабунски во целост може да го проследите во целост во видеото подолу.

 

Би можело да ве интересира

И, 7-то место е успех – џудо репрезентативките Теа и Теона Настоски го завршија настапот на Европскиот куп за кадети

МАКЕДОНИЈА ЧЕТВРТА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Гордана Цветаноска

ФУДБАЛ, А ПАДНАА 14 ГОЛА!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе