1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

ВНИМАТЕЛНО:Ветувајќи им огревни дрва, откуп на железо, известувајќи за лажни сообраќајни незгоди.. се почести измами на стари лица

Изнудување пари  од стари лица, преку лажни телефонски повици, со измислени приказни, ги алармира институциите да се погрижат за превенирање и потсетување на повозрасните граѓани да внимаваат на измамници.
Сторителите, најчесто телефонски, ветувајќи им огревни дрва, откуп на железо, известувајќи ги за лажни сообраќајни несреќи, нудејќи купопродажба на возила или станови, барајќи организирање на настани и сл., ги доведуваат во заблуда оштетените со цел да остварат парична или друга корист.
На подрачјето на СВР Битола во сабота  (10.09.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола – Полициската станица за општа надлежност ,токму поради ова, беше остварена средба со повозрасна група на граѓани, со цел превенирање на измами од страна на лица кои најчесто користат повозрасни граѓани.
На граѓаните им беше укажано да бидат особено внимателни во комуникација со непознати,  кои најчесто користат измислени приказни, со цел изнудување на парични средства од нив.
СВР Битола упати апел до сите граѓани да бидат исклучително претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат фактите и податоците кои им ги кажуваат на телефон, да не даваат пари на измамниците, на нивни посредници и сл., да не се даваат пари на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација и  секако сите сомнителни случаи да ги пријават  во полиција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина 21-годишно момче на излезот од Прилеп кон Битола

(Видео) Нова економска мерка „Училишна кошница“ за училишен прибор по пристапни цени

Пела Редакција

Целосно се реконструира кровот на градинката „Тризла“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе