7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Авто Контрол дел од едукативната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Што треба да носиме ако возиме велосипед, како треба се движиме по тротоарот, каде може да играат децата со топка … беа дел од прашањата поставени до првачињата од претставникот на ОВР Прилеп на денешната последна едукативна работилница во ОУ „Добре Јованоски“ Прилеп во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Децата со задоволство се вклучија во работилницата и ги знаеја точните одговори. Наставниците добија прирачници за сообраќајна култура, во чија подготовка како општествено одговорна компанија, учествуваше “Авто Контрол” Станица за технички преглед од Прилеп, а учениците беа почестени со производи од Витаминка Прилеп.

Денеска завршија едукативните работилници во основните училишта во општините Прилеп Долнени и Кривогаштани. Секое училиште беше посетено со цел на децата, првооделенците, да им се посочи како да постапуваат, но и што им да и’ кажат, да ги потсетат нивните родители за почитување на основните сообраќајни правила и прописи.

Целта е да се подигне свеста за важноста на безбедноста во сообраќајот, и ние како компанија секогаш со задоволство се вклучуваме во вакви настани и кампањи, вели Даниела Перканоска од Авто Контрол.

  “Животот на нашите деца се највисока општествена одговорност и врвен приоритет на секој поединец. Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца. Ние сме идоли на нашите деца, затоа секогаш во сообраќајот треба да се однесуваме одговорно, со почитување на сообраќајните правила и прописи”, додава Перканоска – менаџер на компанијата “Автоконтрол”.

Би можело да ве интересира

Основците од Прилеп се натпреваруваа во краснопис

Гордана Цветаноска

„Шеќерната приказна“- повод за дружба меѓу татковците и децата

Пела Редакција

Средношколци од Општина Кривогаштани и околните села сеуште немаат беспалтен превоз до училиште

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе