9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ЛАГ АГРО ЛИДЕР донираше за разубавување на паркот во дневниот центар „Ѕуница„

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР започна иницијатива „Заедно за заедницата„ како дел од проекот  Е – Help. И,најпрво иницијативата тргна од најубавото место Дневниот центар за деца со посебни потрби „Ѕуница„ во уредување на парковската површина и детскиот парк.

Цел е да се даде придонес во подобрување на престојот во дневниот центар „Ѕуница“- велат од Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР, кои заедно со децата го средуваа дворот и детскиот парк. Се фарбаше оградата и клупите, се поставуваа нови лизгалка и нишалки, се засади и цвеќе и просторот визуелно се разубави со нови визуелни елементи. Децата на оваа “работна акција„ се израдуваа, а сите беа среќни што дадоа свој придонес за поубаво дневно катче кои го оплемени дневниот центар.

 

„Оваа иницијатива е дел од активностите на проектот Е – Help кое се реализира со поддршка на австриското министерство за социјална работа. Се надеваме дека ќе биде поттик за поголема соработка помеѓу јавните институции, бизнис заедницата и граѓанските организации за многу нови локални иницијативи во иднина.  Локалната заедница првенство треба да ја развива свеста за лицата со посебни потреби како рамноправен дел од нашето општествено живеење и во таа насока да гради нови инцијатив за нивна инклузија и социјален напредок „ -истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР

„Оваа донација е голема поттик и повик за сите кои сакаат да придонесат во развојот на Дневниот центар „Ѕуница“, велат од Дневниот центар, кој е дел од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп.

Инаку, дневниот центар за деца со посебни потреби “Ѕуница“ е еден од најстарите центри  во Македонија кој работи повеќе од две децении на згрижување и дневен престој на деца со посебни потребни . Во него се  згрижени  20 -тина деца.  Во Дневниот центар „Ѕуница“ -Прилеп работи стручен тим од социолог, психолог, медицинска сестра.. кои максимално се вклучени во инклузија и социјализација на децата со попреченост од  Општина Прилеп

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) најдиме.орг.мк – поддршка за пријава и потрага по исчезнати лица

Гордана Цветаноска

Нови клупи во училишниот двор во средното училиште во Крушево

Гордана Цветаноска

Достапни за бесплатно симнување, аудио и ПДФ издание на Е-книгата „Балкански детски приказни“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе