9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Откриена црква и човечки скелети од 15 и16 век

Археолозите од прилепскиот Завод и Музеј Прилеп открија 13 гроба , чии поголем број се детск  при истражувањата на локалитетот „Селиште„ кај селото Беловодица.

При истражувањето се потврди хронолошката датација на егзистирање на црквата во 15 и 16 век.

Воедно, прилепските археолози констатираа дека таа претставувала гробишна црква на селото, кое на оваа локација се наоѓало пред нејзините жители да го напуштат, најверојатно заради тешката болест чума, по што го оформуваат денешното село Беловодица, на 2 км. кон југ.

Од некрополата истражени се вкупно 13 гробови. Поголемиот број од нив биле детски.

Истражувањето е дел од  годишната проектна програма на Завод и Музеј Прилеп , поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Се крчкаат „Солунски патрдии“ во Театар „Чин 4 Сцена 5“- парите од влезници за хуманитарни цели

Елизабета Филипоска

„Седумте архангели“ изложба од уметникот Малбашиќ

Гордана Цветаноска

Ни денар од Министерството за култура за „Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Оваа година слави јубилеј 45 години од постоењето

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе