9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Победа издржа но самото во првото полувреме (ФОТО)

Триумф на Шкендија во Прилеп.Црвено белите издржаа само во првото полувреме , и резултатски и според прикажаното.Можеби Дориев ако не погодеше на неколку секунди пред крајот на првиот дел , второто полувреме ќе беше уште поинтересно.Вака тетовчани само го свртија резултатот во своја корист и ги зедоа бодовите од Прилеп.

Победа го отвори резултатот , многу рано во 12-та минута со голот на Ѓурковиќ , но тоа беше се од страна на домаќинот на оваа пресметка.Репрезентативецот Љупчо Дориев најпрво израмни а подоцна само ги постави конечните 1:3.Претходно во листата на стрелци се запиша и Аденис Шала во 52 минута.

А за играта што да се каже ? …Победа рамноправна во првиот дел но гостинот доминантен во второто полувреме со многу промашени зицери и изгледни шанси за гол.Уште е вредно да се спомне исклуќувањето на Вагнер кој за неколку минути заработи два жолти откатко влезе.Но и тоа многу не влијаеше на резултатот.

Би можело да ве интересира

Реми без голови на градски (ВИДЕО + ФОТО)

Ристовски: Македонскиот ракомет ќе добива најмногу субвенции од државата

Победа го совлада Борец во Велес со минимални 0:1 (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе