1.6 C
Прилеп
петок, 17 јануари, 2025
Пела Радио

Навивачи агресивно се однесувале кон полицијата

По завршувањето на натпреварот на Победа со Шкендија на градскиот стадион во Прилеп, шест навивачи предизвикале немили сцени, со обиди за физички напади кон членовите на управата и играчите, при што морала да интервенира полицијата.

На 02.10.2022 во Прилеп, по завршување на фудбалскиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу ФК „Победа“ од Прилеп и ФК„Шкендија“ од Тетово, лицата Ф.И., В.С., Н.Н., А.И., К.С. и Д.Х. и други лица од Прилеп влегле на фудбалскиот терен со цел физички да се пресметаат со управата и играчите на ФК „Победа“, а при интервенција на полициски службеници тие агресивно се однесувале кон и нив и ги спречувале во извршувањето на службените дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен на СВР Битола

Би можело да ве интересира

Полицијата фати дрвокрадци

Пела Редакција

Три години вршел обљуба врз своите малолетни ќерки

Пела Редакција

21 годишен возач со мопед настрадал во сообрајќајка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе