Не треба многу за среќа, особено кога станува збор за среќата на децата! Па, поведени од таа мисла, по повод „Неделата на детето“ во градинката „Наша иднина“ (“Гоце Делечев“) се одржа невообичаена, но крајно интересна, детска театарска претстава – не само поради темата на претставата, но и поради „чудната„ актерска екипа, која и покрај тоа што глумата не им е професија, беа крајно професионални во изведбата што предизвика почит, а богами и голем аплауз! Но, како се почна?!
Имено, група воспитувачки, од детската градинка „Наша иднина„ одлучија на невообичаен и посебен начин да ги анимираат децата преку креативна и интересна идеја – креирајќи театарска претстава. Па, посветено и со огромна љубов создадоа нешто посебно, кој дечињата ќе го паметат долго, долго – театарска приказна со митолошки ликови.
Најпрвин воспитувачките одлучија да се транформираат во актери, драматурзи, сценаристи, кореографи, а вклучија, рака на срце, и опшествени јавни креативци, па заедно застанаа на сцената пред најкритичната публика – децата. Невообичаено беше што во театарската претставата, ги отфрлија стандардните ликови: волкот, прасињата, џуџињата …, и, пренесоа нов, митолошки свет, свет на музи и богови, надополнет со модерни елементи и музика, па дечињата, но и сите кои ја следеа аматерската престава, остана воодушевени од секоја улога, од секој театарски лик, од целата театарска атмосфера која „пристигна“ во детската градинка „Наша иднина“.
Во претставата учествуваа во улога на музите од старогрчката митологија, поезија и литература : Лидија Стојаноска, како Талија музата (заштитничка) на комедијата, Наташа Јованоска во улога на музата Евтерпа , Ирена Манческа во улога на музата на поезијата, Калиопе; улогите на трите деца ги играа Ирена Крстеска како Ненад, Наташа Нонеска како Лина и Јуле Чуканоска како Јанче; наратор или раскажувач беше Сузана Миречска Николоска, сето надополнето со идеите на Александар Чинго, афирмиран прилепски уменик и Менде Костоски и Маја како музичари.
Целта, велат актерите – воспитувачи беше да ги запознаме дечињата со нови содржини и да се поттикнат секогаш да бираат уметност, односно да го изберат убавото, да креираат и да создаваат убави нешта, наместо да бидат постојано со мобилните телефони и интернетот.
„ Децата многу малку знаат за митологијата, за музите, боговите. Знаат повеќе за мобилните телефони и интернетот! Па, во нашата претстава сето тоа е спој, но за среќа победува уметноста, а целта е да ги поттикнеме дечињата да бидат креативни и да ја сакаат уметност. Тоа успеавме да им го покажеме визуелно, бидејќи така дечињата најдобро ќе запаметат и ќе го доживеат.„ – истакна Лидија Стојаноска, воспитувач и учесник во претставата.
И, така ! За среќа не треба многу! Потревно е само љубов кон професијата, креативност и желба – се’ останато е детска насмевка и среќни лица!