30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Кај с. Новоселани во сообрајќајка загина 14 годишен моторциклист од с.Заполжани

Четиринаесетгодишено момче од с. Заполжани (општина Долнени) денеска загинал во сообраќајна несреќа возејќи моторцикл, при судар со патничко возило „опел астра”, што го управувал 18-годишен жител од истото село.

Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, несреќата помеѓу мотоциклот „шинерај” и возилото „опел астра”, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила околу 13.40 часот во долненското село Новоселани.

Малолетниот мотоцклист од добиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
МВР соопшти дека возачот на автомобилот, В.Р.(18), го напуштил местото, но набргру бил пронајден и приведен.

Би можело да ве интересира

Жена пешак тешко повредена од удар на автомобил во Прилеп

Обезбедувањето од казино физчки нападнало лице

Пожар ќе го пеплосаше с.Оревоец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе