Сабота, пазарен ден (15 ти октомври) во Прилеп кај градскиот саат ќе се одржи саем на земјоделски производи во организација на Здружението ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Домашно.мк, а со поддршка на министерството за земјоделство и Општина Прилеп. Повод е Меѓународниот ден на руралната жена (15 ти октомври) кој што се одбележува со низа манифестации кај нас и во светот.
Во Прилеп тоа ќе биде единствена можност за уживање на вкусната традиционална храна приготвена од вредните раце на македонските жени од разнични краишта. Покрај можноста да се вкуси и да се купат органски производи како слатко, џем, мед, сирење и многу други домашни производи, ќе има и други изненадувања како што се презентации за приготвување на некои традиционални јадења. Организаторите најавуваат настап на КУД Мирче Ацев од Прилеп, а на пладне, за најмладите ќе има едукативно детско диско и забава со кловнови и музика.
Саемот на земјоделски производи ќе започне од 10 и 30 часот, а манифестацијата ќе трае до 17 часот со низа придружни настани и забава.