12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Нема резервни делови за механизација, нема плата, а прашање на денови е до ќе има струја ?!

Водостопанство Прилепско поле, подржница на АД Водостопанство на РСМ се соочува  со сериозни потешкотии во работењето. За работа на терен од почетокот на годинава, екипите немаат опрема и резервни делови за механизација, а вработените вкупно 36, од кои 25 во редовен работен однос, и 11 сезонски работно ангажирани, немаат земено 2 месеци плата. Во телефонски разговор за Радио Пела Ѕвонко Талески, директор на прилепската подружница, потврди дека состојбата е многу тешка, работењето е отежнато и покрај одличната наплата за реализираните услуги кон граѓаните.

 Од кога Водостопанство во 2015 та година се преструктуира во АД не само прилепската, туку и сите подружници се соочуваме со потешкотии во функционирањето.  Раководењето е во целост подредено на  централното ниво. Со крајни напори ги обавуваме основните дејности, иако немаме резервни делови за машините цела година и тоа од причина што нема објавено тендер за нивна набавка.  На неколку од подружниците деновиве во управните објекти им е прикината струјата, а не е далеку денот кога и кај нас тоа би се случило, бидејќи немаме увид дали и кога ќе бидат подмирени сметките за струја. Инаку, имаме одлична реализација на наплата за извршените услуги, која што последниве 2  години се движи од 95 до 98 % , вели Талески.

АД Водостопанство на РСМ ја сочинуваат 13 подружници со вкупно 600 вработени плус дополнително ангажирани сезонски работници . Од денеска во управните згради на подружниците во Кавадарци и Битола струјата е прикината заради неплатени сметки. Синдикалната организација преговара за надминување на проблемот со исплата на платите. За прилепска Пелагонија, Подружница “Прилепско Поле”  е од огромно значење за земјоделците со оглед на дејностите за кои што таа постои:  наводнување и одржување на хидросистемот, како и уредување на речни корита, одводнување на земјиште и  одведување на испуштени води.

Би можело да ве интересира

За поддршка на младите во спортот – Комфи Ангел со хуманитарен караван

Елизабета Филипоска

Пет пожари на отворено во прилепско, а горело и во долненско и кривогаштанско

Елизабета Филипоска

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана се заканувала дека ќе ја запали

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе