11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Националната опера и балет во Прилеп со балетската претстава „ЛА ЛА ЛА“

На 19 октомври 2022/ среда/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“, Националната опера и балет ќе ја изведе балетската претстава ЛА ЛА ЛА… Влезниците по цена од 100 денари ќе бидат пуштени на билетарницата од Центарот
вторник и среда од 10 до 12 и од 18 до 20.00 ч.

Кореограф: Саша Евтимова;Музика: Македонски шлагери;Идеја за костими: Саша Евтимова; Светло мајстор: Милчо Александров.

Во женскиот ансамбл настапуваат: Саша Евтимова, Ангела Велевска, Христина Наќевска, Симона Колиштркоска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска Хорсеау, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска и  Мартина Димовска.

Во машкиот ансамбл настапуваат:Игор Веланоски,Ендру Кук,Мирослав Митрашиновиќ,Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Никола Хорсеау и Веселин Трајковски.

ЛА ЛА ЛА !!! За оние што сонуваат… Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени,копнежи,мечти…Носталгија; работи поврзани со нашето минато. Сентиментален копнеж за среќа, за едно време во кое живеевме и луѓето со кои сме ѓи делеле тие спомени. Никој не може да го оживее тоа време,тоа сеќавање како една добра стара музичка лента. Само таа музика може да ги врати спомените,да ѓи склопи како сложувалка и испише една нова страна во книгата на нашиот живот. Секоја миксана лента не води на едно носталгично патување,раскажува една приказна од различно време. Се е во нас,а не таму каде живееме. Не постојат граници,ние самите си ги поставуваме,но ако сме доволно отворени,оптимистични и ако веруваме во нас,тогаш селиот свет ни е на дланка. Прегрнете ги спомените и чувајте ѓи блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме.Се што ни е потребно е само да живееме,а музиката е таа која не води на незаборавни патувања. LA LA LA!

Би можело да ве интересира

Утревечер на Могила ќе се прикажува претставата „Црнила ремикс“

Пела Редакција

Љубов и вино – поетско музичка вечер за Св. Трифун и Денот на љубовта

Гордана Цветаноска

„Тримир„ празник за армасаните девојки-адет на Прилепчани

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе