10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

ИГРАА ЗА КУП, МИСЛЕА НА ПРВЕНСТВОТО

Екипата на Македонија ЃП е четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија. Пред околу 500 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, скопскиот тим со 2:0 ја совлада домашната Победа. Беа две различни полувремиња.  Во првото, гостите многу подобри, а од тоа плод се двата гола. Веќе во 6. минута Емир Скендери ја затресе домашната мрежа, а во 26. минута конечниот резултат го постави Ермедин Адем од слободен удар. Во второто полувреме Победа ја подобри играта, создаде и неколку шанси. Сепак, се чини дека мислите на екипата се свртени повеќе кон прволигашкото првенство, во борбата за опстанок. Тоа се гледа и според изборот на играчкиот кадар во првата постава и клупата. Во игра воопшто не влегоа Дарко Тофилоски, Ерик Амо, Христијан Коцев, Хамза Рамани, Марио Наумоски…

По седум дена, пак во среда, во 12. рунда од Првата лига, Победа дома игра со Струга.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Победа на женските екипи “Деспина“- ракомет и фудбал

Елизабета Филипоска

Ракометарите со прва победа – ракометарките со прв пораз викендов во Супер лигата

Пела Редакција

(ФОТО) Џудо клубот „Сеишин“ прв на табелата во натпреварувачката сезона 2019 – Теодора Димеска најуспешен натпреварувач

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе