16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ВО САБОТА БОКС ВО ПРИЛЕП : Четврто коло младинска и прва лига во бокс – технички организатор БК АС – Прилеп (ФОТО)

Во организанија на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп и Националната Боксерска Федерација во Прилеп ќе се одржи чевртото коло од младинската и прва лига во бокс на Македонија. Во 13.00 часот ќе се одржат уводните борби за деца а во 14.00 часот ќе започнат официјалните борби.

Од БК “АС” – Прилеп ќе настапат околу 16 боксери во уводните и официјалните борби. По подолга пауза прилепската публика ќе има можност да ги погледне најдобрите боксери од земјава во овие категории а во исто време и да ја даде подршката за прилепските натпреварувачи кои се и лидери во моментов во земјава по освоени бодови.Па затоа од клубот ветуваат одлична организација и претставување во најдобро светло.Борбите ќе се одржат во сабота на 22.10 во салата од средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Интервју со Гоце Макалоски, Претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

Ѓорѓиевска: Никогаш не помислував дека ќе се искачам на Хималаите(ВИДЕО)

Пела Редакција

Победа : Многу комбинации, но триумфот е најважен (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе