Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за еден денар и ќе изнесува 88,00 денари за литар односно 90,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден и ќе се продава за 100,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден и ќе чини 97,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,43 денари и еден килограм мазут ќе чини 49,4 денари.