5.6 C
Прилеп
среда, 30 април, 2025
Пела Радио

Заштита од кражби и измами-превентивна активност на полицијата во Прилеп

Денеска (05.11.2022) на повеќе локации во Прилеп полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп заедно со портпаролот на СВР Битола реализираа превентивни активности посветени на имотните деликти, односно нивно превенирање особено кај повозрасните граѓани, при што фокусот беше ставен на кражби и телефонски измами.

Под мотото „Заштита од кражби и измами“, полициските службеници им укажуваа на граѓаните за постапките што треба да се преземат за заштита од овие форми на кривични деликти, како и за потребата од комуникација и соработка со полицијата за нивно ефикасно сузбивање.

Притоа, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци со информативни содржини за нивно запознавање како и на кој начин можат да се заштита од овие имотни деликти.

Би можело да ве интересира

Изгоре плевна со 600 бали тутун во с . Норово, крушевско. Материјалната штета проценeта на 15.000 евра

Елизабета Филипоска

Како настана пожар во базната станица, долненско, на оператор А1?!

Елизабета Филипоска

Се судрија трактор и автомобил кај Лажани

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе