5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(14)

Пишува Зоран Момироски 

  • ДОКТОР БОРЧЕ ЈОВАНОСКИ, ПАРДОН БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ЅВЕЗДА НА САЕМОТ НА ПРОМЕНИТЕ ШТО НОСАТ ИДНИНА ВО СКОПЈЕ . КАЖУВА КУТРИОТ ШТО РАБОТЕЛА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ИЗМИНАТИВЕ 365 ДЕНА. ЗБОРУВА АМА И САМИОТ НИТУ ЗНАЕ ШТО КАЖУВА НИТУ СИ ВЕРУВА ВО ТОА  ШТО ГО КАЖУВА. БИДЕЈЌИ, ОСВЕН РЕАНИМАЦИЈА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА МИСЛЕЈЌИ НА ПИВОФЕСТ, ДРУГО НЕМА НИ ШТО ДА ГУКНИ, НИ ШТО ДА МУКНИ. СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ: БРЕЕ ШТО ТИ Е ДОКТОР –ГРАДОНАЧАЛНИК, РЕАНИМАЦИЈА НА МАНИФЕСТАЦИЈА!!! НЕ ЗНАМ ДАЛИ ДА ПЛАЧЕ ЧОВЕК, ДАЛИ ДА СЕ СМЕЕ. ВРТИ ЈОВЧЕСКИ  КАКО ДОЖД ОКОЛУ КРАГУЕВАЦ, АМА НИКАКО ДА ГО ПОГОДИ ГРАДОТ. БИДЕЈЌИ И САМИОТ Е СВЕСЕН  ДЕКА СЕУШТЕ НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗАПОЧНАТАТА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА БОРКА ТАЛЕСКИ.  ЗБОРУВА, А ЗНАЕ  ДЕКА НЕ Е  ЗАВРШЕНА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ТОЧИЛА… А УШТЕ МНОГУ ТРЕБА ДА СЕ СТИГНЕ ДО КРАЈОТ НА ПООДАМНА ЗАПОЧНАТИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН ПРОЕКТ ,,ПАШОСКИ ЛИВАДИ“…

 

  • „ЗНАЕ ЈОВАНОСКИ, ИЗВИНЕТЕ“, ВЕЛИ ВОДИТЕЛКАТА НА САЕМОТ МАРИЈА, ЈОВЧЕСКИ ДЕКА НЕМА ШТО ДРУГО ДА КАЖЕ. ПА ПОТЕНЦИРА ДЕКА ЕПТЕН МНОГУ, КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА, БИЛЕ ИСЧИСТЕНИ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО ГРАДОТ. РЕФЕРИРА ЈОВЧЕСКИ ДЕКА ГРАДОТ БИЛ НА ПАТ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ОВА БЛЕДО СИВИЛО. ВЕЛИ АМА СО ПОЛОВИНА УСТА. СТРАВ  МУ Е ДА НЕ МУ  СЕ НАЛУТИ НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК.  КАЈ САМ НЕ СЕ СЛУША ШТО ТРОПА, ТУКУ НЕ ГО СЛУШААТ НИ ДРУГИТЕ ОД САЛАТА. ОТИ НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК КОЊАНОСКИ ОД БИТОЛА ЗНАЕ  И ДА КАЖЕ И ИМА ШТО ДА КАЖЕ. НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК СПОРЕД МОЕ ДЛАБОКО УБЕДУВАЊЕ  ЗА ОВА Е ЛИДЕРОТ НА ПАРТИЈАТА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. СИ ВЕЛАМ, ДОБРО БРЕ ХРИСТИЈАН, ЗНАЕШ ШТО ЧОВЕК ИМАШ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП. ЛИДЕР НА ПАРТИЈА СИ ИЛИ ,,МАЧКИНА КАШЛИЦА“, ПЛУС УНИВЕРЗИТЕТСКИ  ПРОФЕСОР?! АБЕ СЕДНИ ГО ПРЕД САМИОТ ПОЧЕТОК НА САЕМОТ ЧОВЕКО И ТОА КАКО УЧЕНИЧЕ ПРВАЧЕ, ПРЕСЛУШАЈ ГО, ПА ПОСЛЕ ПУШТИ ГО ДА РЕФЕРИРА.

 

  • ИСКРЕНО, КАКО ПРИЛЕПЧАНЕЦ  НАЈСРЕЌЕН СУМ И ИМАМ НАДЕЖ  КОГА  ВО ПРИЛЕП ЌЕ ДОЈДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ. И ЗАТОА ПРЕДЛАГАМ СЕКОЈА ВТОРА НЕДЕЛА ДА Е ВО ГРАДОВ. САМО ТОА МУ Е МАЈКАТА, ОВИЕ ЗАСПАНИВЕ ДА СЕ РАЗМРДААТ И НЕШТО, ОД НЕШТО, ДА ПОДРАБОТАТ. ПОКРАЈ ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ТОЧИЛА МИСЛАМ ТРЕБАШЕ ДА НАПРАВИ УВИД  И ВРЗ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ДЕЛОТ ОД УЛИЦАТА БОРКА ТАЛЕСКИ ОД ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ГАЈДАЏИЈАТА ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ ДО О.У.КОЧО РАЦИН, ЗА ДА ВИДИ ДЕКА ПЕТ РЕДА ПЛОЧКИ НАТАМУ СЕ НАРЕДЕНИ ОД ПРЕТХОДНОТО НЕГОВО ИДЕЊЕ.

 

  • ГО ГЛЕДАМ И СЛУШАМ  ХРИСТИЈАН ДАВА ИЗЈАВА ВО ТОЧИЛА. МЕЃУДРУГОТО НАЈАВУВА ШТОМ ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА ПЛАЌАЊЕТО НА СТРУЈАТА, КАКО И ДРУГИТЕ ПОТРОШУВАЧИ УТВРДЕНИ СО МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА, СМЕТКИТЕ ЗА ВОДАТА ЌЕ СЕ ВРАТАТ ПО СТАРО. СЕ ВРТИ КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ, ПА КОН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН И ВЕЛИ : ЕВЕ ОВИЕ ДВАЈЦА ЌЕ МОРА ЦЕНИТЕ ДА ГИ ВРАТАТ ПО СТАРО,  А ОДЛУКАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ  ДА ЈА УКИНАТ. ТИЕ ДВАЈЦА СЛУШААТ И САМО КЛИМНУВААТ СО ГЛАВАТА ПОТВРДНО. БРЕ СИ ВЕЛАМ, ШТО Е СИЛА?! ЌЕ МОРА ДА КАЖАТ ДЕКА ТАА ,,ДУПКА“ НЕ Е ДУПКА. СИ МИСЛАМ И СИ ВЕЛАМ: ВО СКОПЈЕ СЕКАКО ТЕ ,,ПЛУКААТ И ПУКААТ“ ЗА ТОА ДЕКА СИ И БИЛ ШПИЦЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДАНЕЛА АРСОВСКА. OВДЕ СУМ УБЕДЕН ДЕКА НИКОЈ НЕМА НИТУ ДА ПУКА, НИТУ УКА..ПОДОБРО ТИ БИДИ ШПИЦЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ПРИЛЕП ОТКОЛКУ СЕГАШНИОТ. БИДЕЈЌИ СУМ УБЕДЕН ДЕКА СИ ЧОВЕК СО ИСАВ.  ПЛУС И ТИ АИР  ЌЕ СИ ВИДИШ, АМА  И ГРАЃАНИТЕ И ГРАДОТ. А ИГРАТА И РЕЛАКСИРАНОСТА ШТО ЌЕ МУ ЈА РАСИПИШ НА ОВИЕ РАСПАШАНИВЕ Е ГРАТИС ЗА ПРИЛЕП.

 

  • ДЕНОВИВЕ, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕСКИ,МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ БОЧВАРСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА ДП РУСТЕМИ, ДАВААТ ИЗЈАВА НА ПЛЕТВАР. РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ПАТОТ ДО ФАРИШ СКОРО 90 ОТСТО БИЛА ЗАВРШЕНА. ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТЕЛО И НА ДЕЛОТ ОД ФАРИШ ДО ГРАДСКО. А ТАМУ КАДЕ ШТО НЕМАЛО ТРЕТА ЛЕНТА НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ПАТОТ  ОКОЛУ 7 КИЛОМЕТРИ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕЛА ДА СЕ ПРОШИРУВА. ГИ СЛУШАМ ТРОЈЦАТА ИМ И СЕ ЧУДАМ НА УМОТ. КАКО НА ОВИЕ ТРОЈЦА, ТАКА И НА НИВНИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ. ЗБОРУВААТ ЗА ПАТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ВСЕЛЕНАТА. НЕЗНАМ ЧОВЕК ДАЛИ ДА СЕ СМЕЕ ИЛИ ДА ПЛАЧИ. ПА ОВАА ПАТНА ДЕЛНИЦА ВО ДОЛЖИНА ОД 54 КИЛОМЕТРИ СЕ ГРАДИ ТОЧНО 20 ГОДИНИ. ПРВИТЕ КИЛОМЕТРИ ТРЕТА ЛЕНА НА ПЛЕТВАР СЕ ЗАПОЧНАТИ ДА СЕ ГРАДАТ ВО 2002 ГОДИНА. И ТОА СО ПАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ТЕЛЕКОМОТ. И ТОА ВО ВРЕМЕТО КОГА БЕШЕ ПРЕМИЕР ЉУБЧО ГОРЃИЕВСКИ. ПО НЕГО, КОЈ КАКО ИДЕШЕ ВЕТУВАШЕ. ПРВО СО КОНКРЕТНИ РОКОВИ ЈА ЗАПИШУВАШЕ, ПА ЈА БРИШЕШЕ,  ПА ЈА  ДОПИШУВАШЕ ДЕЛНИЦАТА ВО  ПРОШИРЕНИТЕ ПРОГРАМИ БИДЕЈЌИ  ИМ БЕШЕ ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ АДУТИ ЗА ПЕЛАГОНИЈА. А ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ, ЗАГИНАТИТЕ И ТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ НА ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ САМО ВО ОВИЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ  ДА НЕ СПОМЕНУВАМ. ЕТЕ – Е ОВА Е ТАА ТАЖНА МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ !!! 54 КИЛОМЕТРИ ПАТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ  ЗА 20 ГОДИНИ. А ОВОЈ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ, КОЈ ДЕНЕС ЗБОРУВА, ДАЛИ ЗБОРУВА ОНАКА ГОРДО И ОДВАЖНО  ЗА ПЛЕТВАР НЕ СИ ГО СТАВА  ПРСТОТ НА УМОТ ДЕКА ТРЕТАТА ЛЕНТА НА ПЛЕТВАР  ЗАПОЧНА  ДА СЕ ГРАДИ  КОГА  ИМАЛ САМО 16 ГОДИНИ.

 

  • КЕТИ ГО ИЗВЕДИ ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА НАДЛЕЖНОСТ. ДЕНОВИВЕ СМИЛЕСКА Е НАЗНАЧЕНА ЗА ДИРЕКТОР НА ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА. СО ТОА БИТКАТА МЕЃУ НЕА  И ДОКТОР САШО ПИРГАНОСКИ Е ЗАВРШЕНА. А КАМЕН ОД ГЛАВАТА ИМ СЕ СИМНА И СТРАВОТ ОД МОЖНА СМЕНА ИМ ИСЧЕЗНА НА СИТЕ КОИ ВО БОЛНИЦАТА СЕ НАЗНАЧЕНИ ЗА РАКОВОДНО ИЛИ ОДГОВОРНО МЕСТО ОД НЕА. ТОА МУ ДОАЃА КАКО НЕКОЈА БАЈАЧКА УСПЕШНО ДА МУ БАЕЛА  ОД УПЛАВ. И ЕТЕ, ПО ДВЕ СЕАНСКИ ОД БАЈАЧКАТА ( ДВА ПАТИ В.Д. ДИРЕКТОР ) СТРАВОТ ИМ ИСЧЕЗНА. НЕЗНАМ, ДАЛИ СЕГА СМИЛЕСКА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ РАДУВА ИЛИ ДА ТАГУВА?! ИТНО ЌЕ ТРЕБА ДА ГО РЕШАВА СТАТУСОТ НА ДЕСЕТТИНА: КОЕ МЕДИЦИНСКИ, КОЕ АДМИНИСТРАТИВЕН КАДАР ВО БОЛНИЦАТА, ПРОБЛЕМОТ СО ТОПЛАТА ВОДА ВО БОЛНИЦАТА, А И СО ТУЖБИТЕ ОД НАД 200 ВРАБОТЕНИ ЗА НЕИСПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИ ЧАСОВИ ВО НЕДЕЛА. ПОКРАЈ ОВА, НА ГЛАВА И’ ВИСАТ И БРОЈНИТЕ ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИОНИ И ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ.

 

  • СЕ БАРАЛЕ И НА ,,СНАЈПЕР“ СЕ ДРЖЕЛЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА КОИ ГИ КРИТИКУВАЛЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И НЕГОВАТА, А НЕ ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА. АКО ВО ОВИЕ ОЗБОРУВАЊА ИМА САМО МАЛКУ ВИСТИНА, ТОГАШ ДА ПРЕКИНЕМЕ ДА ГО ЛАЖЕМЕ НАРОДОТ ЗА ЕВРОПСКИ И ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ВРЕДНОСТИ.   ДА НЕ ПОВТОРУВАМЕ КАКО ПАПАГАЛИ ДЕКА ВО СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ ОПШТЕСТВЕНИ СРЕДИНИ ОПРАВДАНИТЕ И АРГУМЕНТИРАНИ  КРИТИКИТЕ СЕ РАЗБИРААТ КАКО МЕРИЛО ЗА КОРЕКЦИЈА И ПОТТИК ЗА НЕШТО ПОДОБРО.

 

  • КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ КАЈ НАС, КРИТИКИТЕ СЕ ПОИСТОВЕТУВААТ ДЕКА ТОА Е ЧОВЕК ПРОТИВ ЧОВЕК. ЧУВСТВИТЕЛНОСТА Е ТОЛКУ ГОЛЕМА АКО ПОЕДИНЕЦ  Е НА ФУНКЦИЈА, ПА ДУРИ ТОА НЕКА Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА  КУЌЕН СОВЕТ ИЛИ МЕСНА ЗАЕДНИЦА. А, ЗА НЕКОЈ НА ПОВИСОКА ФУНКЦИЈА – ДА НЕ СТЕ ПОМИСЛИЛЕ ! МОЛЧЕТЕ И ,,КУБУРОТ“ ЧУВАЈТЕ ГО ЗА НЕКОЕ ПОЛОШО ВРЕМЕ !!!

 

 

 

Би можело да ве интересира

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство  

Пела Редакција

Во Прилеп 27 ковид новорегистрирани

Гордана Цветаноска

Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе