11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО НОРМАНДИЈА ОДДАДЕНА ДОСТОЈНА ПОЧИТ НА ПАДНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ФРАНЦУСКАТА ВОЈСКА

  1. ноември 2022, Коломбел/Кантло, Нормандија, Франција, известува: Георги Гоце ДУРТАНОСКИ

Во гратчето Коломбел, Нормандија денеска не изостана почитта која традиционално се оддава на паднатите Македонци под француско знаме загинати во виорот на Првата светска војна. „Една од алките на француско-македонското пријателство се токму овие млади Македонци кои биле мобилизирани во француската војска и загинале под француско знаме во текот на Првата светска војна“, подвлече градоначалникот на гратчето Коломбел г. Марк Потје кој заедно со другите етнички заедници во Паркот на мирот во Коломбел положи венец пред споменикот на паднатите жртви.

Македонската заедница оваа година беше претставена од г. Смиле Петровски кој положи венец од име на здруженијата „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“.

Господинот Петровски ја истакна важноста на спомен-обележјето во Паркот на мирот во Коломбел каде се овековечени/изгравирани имињата на 33 Македонци кои загинале на страната на француската армија во Првата светска војна и овој споменик е единствен во Европа кој им оддава почит на Македонците учесници во таа војна.

На 11. ноември Франција на државно ниво го одбележува денот кога беше означено примирјето и победата на Сојузниците над Германија во Првата светска војна. Примирјето кое стапи во сила во Париз и овој историски датум е познат под називот „во 11 часот на 11 ден од 11 месец„ во 1918 година кој ден се смета за капитулација на Германија во Првата светска војна.

Иницијативата за подигнување на спомен-обележје во Нормандија беше покрената во 2017 година во пресрет на одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна и учество зедоа општината Коломбел од Франција, општината Штајнхајм ам Албух од Германија, општините од кантонот Карнака од Република Нигер и општина Новаци од Македонија.

Спомен-обележјето со имињата на загинатите војници во виорот на Првата светска војна се наоѓа во Паркот на мирот во гратчето Коломбел во Нормандија и испишан е на француски, германски и македонски јазик, официјалните јазици на земјите учеснички во проектот. Проектот почива врз европските принципи и вредности и не ја велича само победничката страна (Франција) туку оддава почит кон сите жртви кои неволно биле инволвирани во воениот конфликт и затоа тука е вклучена и Германија како страна која ја изгубила војната.

Би можело да ве интересира

(Фото) И, тие помогнаа-успешна хуманитарна акција на Спасителната служба „Златоврв„

Елизабета Филипоска

На домашна слава 12 мина се затруле со скара од Прилеп

Гордана Цветаноска

Од утре и за велигденските празници дождливо време

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе