11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепски Комуналец ја зголемува опфатноста со канти за селекција на отпад

ЈКП Комуналец Прилеп сериозно и посветено работи во делот на селекција на отпадот во општината, со единствена цел да обезбеди здрава и чиста животна средина, но и можност за заработка од отпадот, што пак зависи од примарната селекција. На територија на целата општина непокриени се само 30 отсто од домаќинствата, од кои најголемиот дел во населбата Тризла со канти за селекција на отпад.

Прилеп – далеку пред другите градови во селектирањето на отпадот.

Инаку, според официјалните податоци од Пакомак,  во 2107 год. прилепски Комуналец , само преку Пакомак има регистрирано 936 тони селектиран отпад од пакување. Споредбено, од вкупниот селектиран отпад од пакување 1.565,75 тони на ниво на градови, Комуналец селектирал 936,1 тони, или 60 % од целокупниот селектиран отпад , евидентиран преку Пакомак.
ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп во 2017 година само по основ на отпад од пакување продал 936 тони, додека ЈП,, Комуналец,, – Битола 165 тони, разликата е очигледна. Граѓаните на Прилеп, селектирале 10 пати повеќе отпад од пакување во однос на Битола . Или, ако Комунална хигиена -Скопје , селектирала 92 тони во 2017, и ако се земе бројот на жители разликата е дури немерлива.

– Во 2017 во првите три месеци ( јануари, февруари и март) , Комуналец, балирал и извршил продажба на 1787 тони селектиран отпад, додека во јануари, февруари и март 2018 година се балирани и продадени 1873 тони селектиран отпад , што е за 10% повеќе , споредбено на тромесечје. Ова се показатели, кои се поттик за Комуналец , и заложба, да ја подобри работата во селектирањето на отпадот, вели Звонко Јованоски директор на ЈКП Комуналец, потенцирајќи дека во текот на годинава ќе се насочат да го подобрат процентот на распределени канти во домаќинствата, со што ќе се овозможи поголем дел од населението да има можност да се вклучи во примарната селекција на отпад.

Се дистрибуираат канти за селекција на отпад и во населените места

1073 канти за селекција на отпад со вкупно 582 корисници изминатиов период ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп , распредели во населените места: Ерековци, Беровци, Алинци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово Старо Лагово и Селце. Или, вкупниот опфат на наслението со со канти за селекција на отпад е околу 96%. само мал процент од жителите или 4% не се вклучиле во селекцијата на отпад со акцијата за распределба на канти за селекција во населените места.
Распределувањето на кантите за селекција на отпад е на доброволна основа и во градот и во населените места . Според податоците со кои располага ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп, во градот се распределени се 16. 703 канти за селекција, или процентот на опфат е 68 %. Додека во контејнерскиот дел по ЈПП , институции, згради и станбените блокови опфатот е 100%.
Во наредниов период планирано е да се продолжи со распределба на канти за селекција во градот и во населените места, се додека насленито во целост ја прифати примарната селекција , која е и законска обврска на секоја општина.


Нови игло контениери за селекција на стаклена амбалажа
На јавно прометните површини низ Прилеп покрај постоечките 15 игло контеинери за селекција на стаклена амбалажа, ЈКП,, Комуналец“ како најдобро претпријатие на ниво на држава за селекција на отпад, доби уште дополнителни 30 контеинери.
Воедно прилепски Комуналец – Прилеп , од Пакомак, доби и картонски корпи за селекција на хартија и отпад од пакување.

– Сите заинтересирани институции и фирми кои сакаат да ја селектираат

 хартијата во нивните простории да се обратат во канцелариите на ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп , или на телефон 048/ 428- 992. К

артонските корпи за селекција се идеални за сместување во ходниците во институциите и фирмите, и истите се бесплатни и се со намена за канцелариска селекција на хартија, апелира директорот Јованоски.

Структурата на раположиви садови за селекција на отпад изгледа вака: Прилеп располага со 472 контејнери за мешан комунален отпад, 415 контејнери за хартија, Пет, пластика , најлон и отпад од пакување, 45 игло контеинери за селекција на стакло и 18 контеинери од 5м3 со достава за градежен шут. Наскоро, комуналците очекуваат да пристигне и новата пратка контеинери 1/1м3 за биоразградлив мешан отпад, со што ќе се изврши замена на старите и дотраени.

Би можело да ве интересира

Мирчески: Каде и како тутунарите да го предадат вишокот, амбалажа нема?!

Гордана Цветаноска

ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ, ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО ПРИЛЕП

Пела Редакција

Искршени дрвја и украдени зимзелени растенија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе