5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(16)

Пишува: Зоран Момироски 

  • ЦЕНТРАЛНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОДРЖА СЕДНИЦА ВО ПРИЛЕП. ДОНЕСЕНИ СЕ БИТНИ ОДЛУКИ ЗА ПАРТИЈАТА И НЕЈЗИНОТО ПОЛИТИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАВА. ИСТИТЕ ТИЕ ОДЛУКИ МОЖЕШЕ ДА СЕ ДОНЕСАТ И ВО СКОПЈЕ. СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: ЗОШТО ВО ПРИЛЕП?! ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНА Е ШТО ЛИДЕРОТ НА ПАРТИЈАТА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ПРЕКУ ВАКВА АКТИВНОСТ, САКА ДА ГО ЗАСИЛИ ВЛИЈАНИЕТО ВО ПРИЛЕП. ЈА ЗНАЕ TOJ СОПСТВЕНАТА ГРЕШКА ПРИ ИЗБОРОТ НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК. ЗНАЕ И ЗА ТОА ШТО И КОЛКУ Е СРАБОТЕНО ВО ИЗМИНАТАВА ГОДИНА. НО, ИСТО ТАКА, ЗНАЕ ДЕКА ПРИЛЕП ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Е ЗНАЧАЕН ЗА ОВАА ПАРТИЈА. ТОЈ, ОД ДОБРО УПАТЕНИ НЕГОВИ ПРИЈАТЕЛИ И ОД НЕГОВИТЕ ПРИЛЕПСКИ ДРУГАРИ, ДОБИВА РЕАЛНА ПРОЦЕНКА ЗА СПОСОБНОСТА И МЕНАЏИРАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ.  ЗНАЕ ЗА ЈОВЧЕСКИ И РЕЛАЦИИТЕ СО НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК, НЕГОВИОТ КОЛЕГА И МЕНТОР ЈОВАНОСКИ. ПОРАДИ ТОА,  НА ЈАВНИТЕ НАСТАПИ ГО ФАЛИ, ИЗРАЗУВА ЗАДОВОЛСТВО, АМА  ПОДГОЛТНУВА И СО ПОЛОВИНА УСТА ГО ПРАВИ ТОА.

 

  • ПРВО ВЕЛИ ЗАВРШЕНО Е ! ПА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ОД СВОИТЕ ИЗЈАВИ ВЕЛИ САМО ШТО НЕ ЗАВРШИЛЕ ЗАПОЧНАТИТЕ РАБОТИ. ЗА ПОТОА, ДЕКА ВО НАЈБРЗО ВРЕМЕ ЌЕ БИДАТ ЗАВРШЕНИ. ЗБОРУВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАД, А САМИОТ ЗНАЕ ДЕКА Е САМО МАЛ  КРАК ОД ПЛОШТАД.. ПА,  ЗБОРУВА ЗА ТОА ШТО Е ЗАПОЧНАТО И ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА. НО, ИСТОВРЕМЕНО ЗНАЕ ДЕКА ТОА ШТО СЕГА СЕ ВЕТУВА ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА ВО ПРИЛЕП ЕДИНСТВЕНО МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА САМО СО НЕГОВ ПОСТОЈАН НАДЗОР И НЕГОВО ЛИЧНО АНГАЖИРАЊЕ. ЗНАЕ КУТРИОТ МИЦКО ,,КОЛКУ ПАРИ ВО ЏЕБОТ ИМА“ СО БОРЧЕ,  АМА НЕМА ШТО ДА ПРАВИ. ЗАТОА РЕКЛЕ СТАРИ: САМ ЧОВЕК ШТО ЌЕ СИ НАПРАВИ – ИЛЈАДА НЕПРИЈАТЕЛИ НЕ МОЖАТ ДА МУ НАШТЕТАТ. ГО ГЛЕДА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД ОПШТИНА НОВАЦИ СО 6.000 ЖИТЕЛИ.  НА ДВАЕСЕТИНА СТРАНИ, АМА ГО ЧИТА И ГЛЕДА И ОВОЈ НАШИОВ НА 25 ЗА ОПШТИНА ОД 64.000 ЖИТЕЛИ. ЗАТОА И СЕГА, И ВО ЕДНА, ОД ПРЕТХОДНИТЕ МОИ КОЛУМНИ НЕ ПОРАДИ ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ЗА СДСМ, ТУКУ ЗА ПРИЛЕП, ЗА ГРАЃАНИТЕ И ПОТРЕБИТЕ  НА ОВОЈ ГРАД,  ЗА ВРЕМЕТО ШТО ОДМИНУВА И БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ ШТО СЕ ТРОШАТ,  НЕКА ДОАЃА ХРИСТИЈАН ВО ПРИЛЕП, НЕКА МУ ДИШЕ ВО ВРАТОТ! БРЗО НЕКА НАОЃА ФИРМИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАТИКА ЗА МОНТАЖНАТА КАТНА ГАРАЖА, САМО  И САМО, СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ ВРЕМЕ ДА НЕ СЕ ГУБИ.  

 

  • ,,НИ ЕДНО ДОБРО ДЕЛО НЕ ПОМИНУВА НЕКАЗНЕТО“ ОВАА АНГЛИСКА ПОГОВОРКА КОЈА САМА ПО СЕБЕ Е МНОГУ СИЛНА ПОРАКА, НАЈМНОГУ СЕГА СЕ ОДНЕСУВА  ЗА ЗОРАН ДОКЛЕСКИ, ДОЛГОГОДИШЕН ЧЛЕН НА СДСМ, ДОСЕГАШЕН ДИРЕКТОР НА АД ПОШТА МАКЕДОНИЈА – ПОДРУЖНИЦА ПРИЛЕП. И, АКО ПОШТАТА Е МЕЃУ ТРИТЕ НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНИЈА, БЕЗ НИКАКВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО, ИНАКУ  ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП, ПОБАРАЛ ОД ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ДА ГО РАЗРЕШИ ДОКЛЕСКИ ОД РАКОВОДНОТО МЕСТО. А, ПО СУГЕСТИЈА, ВЕЛАТ ДОБРО УПАТЕНИТЕ, ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ НА ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕВСКИ, ДА ПОБАРА И ЗА НОВА ДИРЕКТОРКА ДА ЈА НАЗНАЧИ САША ЛЕПИТКОВА. ИНАКУ, НЕЈЗИНИТЕ МИЛЕНИЦИ ВО ПАРТИЈАТА НАГАЛЕНО СИ ЈА ВИКААТ САШКА. ФБ (Facebook) БРУИ, АМА ИМА РЕАКЦИИ ЗА НЕЈЗИНОТО НАЗНАЧУВАЊЕ И МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ ВО ПАРТИЈАТА. БИДЕЈЌИ, ТАА ПРВО ТИ БИЛА ЧЛЕН НА ВМРО-ДПМНЕ, А СО ТЕК НА ВРЕМЕ СЕ ПРЕФРЛИЛА ВО СДСМ. РЕАГИРААТ, АСОЦИРААТ И НЕГОДУВААТ ЛУЃЕТО. МОЖЕБИ И ИМААТ ПРАВО  – МОЖЕБИ НЕ. ПРИТОА МИСЛАМ ДЕКА ПРВО ЗАБОРАВААТ НА ЕДНА МНОГУ ВАЖНА ПОГОВОРКА, СЕ РАЗБИРА ТАА НЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ЖЕНИ, НО Е СООДВЕТНА НА ПРИМЕРОТ: ЖЕНСКОТО СРЦЕ Е КАКО ТРГАЛЕЗНА МАСА !!! СЕКОГАШ ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ ЕДЕН!!! САШКА НЕКОГАШ ПРВО БИЛА ЗАЉУБЕНА ВО ВМРО-ДПМНЕ. СЕ ОДЉУБИЛА И ETE ПОВТОРНО СЕ ЗАЉУБИЛА. НО, ОВОЈ ПАТ ВО СДСМ. ТОA Е НЕЈЗИНО ПРАВО НА РАЗМИСЛУВАЊЕ, НА ЛИЧНО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ, ВТОРО РЕТКО НА КОЈ НЕ МУ Е ЈАСНО ДЕКА ПОСТОИ ДИЛ ОД ИНТЕРЕС МЕЃУ ЛУЃЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ. ОВА ГО ИМАЛО И ДОЛГО ЌЕ ГО ИМА. СЕГА НА ЛЕПИТКОВА И ПРЕСТОИ ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК – СИЛНО ДА ТУРКА НАПРЕД. АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ ДА ГО ЗАДРЖИ УСПЕХОТ НА ДОКЛЕСКИ  И ПРИЛЕПСКАТА ПОДРУЖНИЦА НА ПОШТА ДА ОСТАНЕ МЕЃУ ТРИТЕ НАЈДОБРИ ВО ЗЕМЈАВА. ЗА ЉУБОВ МИСЛАМ КОН РАБОТАТА И ПАРТИЈАТА СЕ’ СЕ ПРАВИ !!!! А РЕЗУЛТАТОТ ВЕРУВАМ НЕМА ДА ИЗОСТАНЕ. 

 

  • ЈА СЛУШАМ ДАНЕЛА АРСОВСКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ ЗА СИНДИКАЛНИОТ ЛИДЕР НА ЈСП И СИ РАЗМИСЛУВАМ  ДО КОЕ ДЕРЕЏЕ СТИГНАЛ СИНДИКАТОТ?! ЛИДЕРОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА  СИ ГИ ВРАБОТИЛ ВО ЈСП, И ЖЕНА МУ, ПА, И СИНОТ ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО. И, ПРИМЕРОВ СКОПСКИ СИ ВЕЛАМ НЕ Е ЕДИНСТВЕН. НАШ ПОЗНАТ ПРИЛЕПСКИ СИНДИКАЛЕЦ И УШТЕ ПО ПОПОЗНАТ ЧЛЕН НА СДСМ  ВО БОЛНИЦАТА ПРЕКУ СИНДИКАТОТ И ПАРТИЈАТА СИ ГО ВРАБОТИ СВОЈОТ СИН, ПА ПОТОА НЕГОВАТА ЖЕНА ВО ЕДНО ЈП. СЕГА НЕЗНАМ ДАЛИ ИМА КУЧЕ ИЛИ МАЧЕ ДА СИ ГИ ВРАБОТИ НА ДРЖАВНА ,,ЦИЦКА“. СЕ БОРЕШЕ ЧОВЕКОТ, НО НЕУСПЕШНО И ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИНДИКАТОТ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА, ПА ЕДЕН ОД ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ МУ ОВОЗМОЖИ ЗА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК, КОЈ НЕ Е ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ, ДА ВОДЕЛ ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ, А СО ТОА ДА ПРЕДЛАГА И КАЗНИ ЗА НЕРЕДОВНОСТ. Е, ПРАШАЊЕ Е СЕГА – КАКО МОЖЕ СИНДИКАЛЕЦ И НЕПОСРЕДНО ДА ПРЕДЛАГА ВРАБОТЕНИ ДА БИДАТ КАЗНУВАНИ, А ИСТОВРЕМЕНО И ДА ГИ ШТИТИ НИВНИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА, ОСОБЕНО АКО ЗАДОЦНУВАЊЕТО Е ОД 5 ИЛИ 15 МИНУТИ?! И ПО ОВА, НЕКОЈ УБЕДУВА ДЕКА СО ВАКВИ ЛУЃЕ И КРИТЕРИУМИ  МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОДЕЛА ВО ЕУ.. ДА НЕ ЗНАЕ ЧОВЕК ДАЛИ ДА ПЛАЧИ ИЛИ ДА СЕ СМЕЕ!!!

 

  • ДЕКА МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ СЕ ЗАГУБЕНИ КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ СИНДИКАТОТ ЕВЕ УШТЕ ЕДЕН ПРИМЕР: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЗАМИНАЛ ВО ПЕНЗИЈА. СЕГА В.Д. Е ДИРЕКТОРОТ НА ТЕХНИЧКАТА СЛУЖБА, ИНАКУ ЧЛЕН НА СПМ, КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР НА ВМРО-ДПМНЕ. НЕ Е ПРОБЛЕМ И НЕМА ЗАКОНСКА ПРЕЧКА, ЧОВЕКОТ ДА БИДЕ  НА ЧЕЛНАТА ПОЗИЦИЈА. ПРОБЛЕМ Е ПРИМЕР –  КАКО ТОЈ ШТО БИ  ПРЕДЛАГАЛ ЗА КАЗНИ, ИСТОВРЕМЕНО ДА ГИ ШТИТИ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА И ИНТЕРЕСИ. ТАМУ СЕ ШУШКА ДЕКА ИМАЛО РАЗМИСЛУВАЊЕ ИЛИ ОБИД ЗА ПРЕКИН СО РАБОТА НА  ИНКАСАТОРИТЕ. АМА СЕ’ ЗАВРШИЛО САМО СО  РАЗГОВОР. ТИЕ БАРАЛЕ ПО УСОГЛАСУВАЊЕТО СО МИНИМАЛЕЦОТ ОД 18.000 ДЕНАРИ, НИВНАТА ПЛАТАТА ОД 21 000 ДА ИМ СЕ ЗГОЛЕМИ БАРЕМ ЗА НЕКОЈ ДЕНАР ПОВЕЌЕ,  БИДЕЈЌИ ВО ДРУГИ ЈП ТАКВО УСОГЛАСУВАЊЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ Е НАПРАВЕНО. СЕГАШНИОТ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИНДИКАТОТ ЌЕ ТРЕБА ДА СПРОВЕДЕ И СИНДИКАЛНИ ИЗБОРИ. ДОБРО УПАТЕНИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ИМА ДВА КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ. СЕГАШНИОТ ВРЕМЕН ВРШИТЕЛ НА ОВАА ДОЛЖНОСТ И ЖЕНА ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА, АКО КОМБИНАЦИЈАТА Е ТОЧНА ТОГАШ ВО ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ПРЕКУ СИНДИКАТОТ СИЛИТЕ ЌЕ СИ ГИ МЕРАТ СПМ – ВМРО – ДПМНЕ И СДСМ.  

 

  •  МЕСЕЦ ДЕНА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦАТА НЕМА ТОПЛА ВОДА, А НА  ВМРО-ДПМНЕ СЕГА МУ ТЕКНА, ПА РЕШИ ДА ОДРЖИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОВОЈ, И ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ОВАА ИНСТИТУЦИЈА. ПРОСТО СЕ ЧУДАМ КАКО ИМ ТЕКНА ПОСЛЕ ТОЛКУ ВРЕМЕ ДА ГО ИНИЦИРААТ ПРОБЛЕМОТ?! И, ТОА ОТКАКО ДЕФЕКТОТ Е СКОРО ОТСТРАНЕТ. ПА, НЕЛИ ВЕ ИНТЕРЕСИРААТ ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ..? ШТО НЕ РЕАГИРАВТЕ БЛАГОВРЕМЕНО КОГА ДЕФЕКТОТ СЕ ПОЈАВИ? ИЛИ КАКО ВО МУТЛИ НАПИКАНИ МОЛЧЕВТЕ ДОДЕКА СТОТИЦИ БОЛНИ, МЕЃУ КОИ ИМАШЕ И ВАШИ ЧЛЕНОВИ И ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, И НА ДРУГИ ПАРТИИ И НЕОПРЕДЕЛЕНИ ГРАЃАНИ ВО БОЛНИЧКИТЕ СОБИ, ПА ИМАТЕ И СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ ВО ОПШТИНАТА, ЗЕМААТ СОВЕТНИЧКИ ПАУШАЛИ ДА ИНИЦИРААТ ВАКВИ СУШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА ЗА ГРАЃАНИТЕ. УШТЕ ПРВИОТ ДЕН НА 25 ОКТОМВРИ КОГА СЕ ПОЈАВИ ДЕФЕКТОТ ВО ОВИЕ НАШИ КОЛУМНИ ИНФОРМИРАВ И ПОВИКАВ ДЕФЕКТОТ СО ВОДАТА ДА СЕ ОТСТРАНИ. УШТЕ ТОГАШ БЕШЕ КАЖАНО ДЕКА ПРОБЛЕМОТ Е ГОЛЕМ БИДЕЈЌИ БОЛНИЦАТА ИМА СОПСТВЕН ВОДОВОД, ДЕКА ТРЕБА ТЕНДЕР, ДА СЕ ИЗБЕРЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ФИРМА И ДА СЕ ОТСТРАНИ ДЕФЕКТОТ, И ДЕКА ТОА ЌЕ ОДЗЕМЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ ДОДЕКА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ОСНОВНИТЕ УСЛОВИ ЗА ТОПЛА ВОДА. КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ВАКВА ИСКЛУЧИТЕЛНО  ВАЖНА ИНСТИТУЦИЈА НЕМА ПАРТИЈА И ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ. ИМА САМО ЕДЕН ИНТЕРЕС – ГРАЃАНИТЕ.     

Би можело да ве интересира

„Франкенштајн“, „Едвард Втори“ и „Демонот од Дебар Маало“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

Пела Редакција

Прилепската чаршија подготвена за првиот „Прилеп аутлет викенд“!

Гордана Цветаноска

ДСП Обединети работници: Предизборен “поткуп“ или вистинска заложба за работниците?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе