25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Потпишан договорот за реконструкција на улицата Леце Котески

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна посета на општините Росоман и Прилеп и изврши увид во изградба на инфрастрктурни проекти што се реализираат со поддршка од Министерството за транспорт и врски.

При посетата на општина Прилеп, со градоначалникот Борче Јовчески го потпишаа договорот за реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, една од најфрекфентни улици во општината.

– Инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски. Со рехабилитација на оваа улица се подигнува безбедноста за сообраќај и ќе се овозможи побрза комуникација со жителите од прилепскиот регион. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека во должина од два километри, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Информацијата ја потврдија и од кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески :

„Денес потпишавме договор за реализација на Проектот за „Реконструкција на улицата Леце Котески“, аплициран преку Проектот за поврзување на локалните патишта – финансиран од Светска банка а имплементиран од Министерството за транспорт и врски, претставувано од Министерот, Благој Бочварски. Убава вест за сите наши граѓани од Општина Прилеп. Нашата Локална самоуправа ги спроведе сите технички документации и после година и половина чекање, конечно дојдовме до фаза на почеток на градежните работи на овој наш значаен влез на градот кој што не поврзува со општина Крушево.Подобрувањето на патната инфраструктура, со цел да создадеме погодни услови за зајакнување и унапредување на бизнис климата во нашата општина останува наша цел. Во таа насока, за да обезбедиме реализација на што е можно поголем број на проекти од капитално значење за нашиот град, ќе продолжиме да работиме и соработуваме со сите надлежни институции, “ соопшти градоначалникот Борче Јовчески.

Би можело да ве интересира

Мирен протестен марш во Прилеп против договорот со Грција

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

(ВИДЕО+ ФОТО) Преку показна вежба и презентација на опремата пожарникарите им ја доближија својата мисија на младите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе