На површина од 4.6 км2, која се распростира на двете Општина, Прилеп и Долнени, македонско – турската компанија „Волостон“ доби концесија за геолошки истражувања на мермер, чие одобрение беше потпишано со Министерот за економија, во присуство на градоначалниците на двете општини и Министерот за екологија.
Концесијата е добиена на 30 години, а истражувањето ќе се врши во близина на рудникот Сивец во т.н областа Самарница
За ова концесионерот, при јавно наддавање, македонско-турската компаниа понудила 7,3 милиони евра. Толку тежи договорот за концесија
„Вложивме 7,3 милиони евра. Планираме во рок од 4 години да инвестираме уште 22 милиони евра, а ќе имаме фабрика со 500 вработени. Првата година ќе се вработат 100 лица. Оваа е заедно со турска компанија, а пласамнот на мермерот ќе ни биде во Азија , Европа, во Кина и Малезија“- истакна концесионерот, Абдулметали Буши
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ПАРИТЕ ОДАТ ВО КАСАТА НА ОПШТИНИТЕ
Седумдесет и осум проценти од парите за концесијата одат за општините, а 22 проценти ќе завршат во буџетот на државата. Врз основа на тоа , 3,7 милиони евра доби Општина Долнени, а Општина Прилеп ОД ОВАА КОНЦЕСИЈА добие 2 милиони евра. Средствата веќе се легнати на сметките на општините .Како тие ќе ги користат?!
„Ови средства, како рурална општина“ би ги користле за инфраструктурен развој и на многу транспаренте начин. Имаме населени места каде најголемиот проблем е водата за пиење, имаме населени места каде нема канализација, училишта, патишта. Меѓутоа морам да истакнам дека дел од оваа инвестиција ќе оди за долгот од 2 милиони евра кој го наследивме од предходната гарнитура,“- додаде градоначалник на Долнени Џемил Ќамили,
“Овие средства ќе бидат искористени за вас граѓаните со подобрување на инфраструктурата и реализирање на зацртаните проекти“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
Владата е задовлна од оваа инвестиција.
Министерот за економја лично дојде во Долнени да ја потпише концесијата
„Ние како Влада очекуваме општините овие средства да ги користат за инфраструктурни проекти, водоводи, канализации и локален економски развој“, .Ќе крираме нови работни места и ќе го зголемиме извозот на мермер од Р.Македонија.Со планот и мерките за економски развој правиме добра клима како за домашните компании ,така и за странските инвеститори да инвестираат во Македонија истакна Министер за Економија, Крешник Бектеши на средба со концесионеот и градоначалниците на Општина Прилеп и Долнени