17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 ти декември

Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Прилеп го одбележува со низа настани со цел да се посвети дополнително внимание на нашите сограѓани, на кои им е потребна поддршка и помош за подобра вклученост во секојдневните активности. При тоа,  во Дневниот Центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ заедно со децата од Дневниот Центар за деца со церебрална парализа – Прилеп, приредија пригодна програма пред присутните гости.

На одбележувањето присуствуваа претставници од Општина Прилеп, од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, претставници од здруженија, родители и гости.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 ти декември е повод да се проговори, но и да се иницира дали државните и локалните институции прават доволно за лицата со инвалидитет. Новоформираното здружение за помош на лица со посебни потреби „Избрани од Бога“, упати низа барања до институциите чија основна цел е грижа за подобра вклученост на оние кои се често пати се маргинирализирани, и со недоволна помош за обавување на секојдневните егзистенционални потреби. Горан Камчески, претседател на ова здружение вели дека помошта од државата за децата со попреченост не е доволна ниту за неопходните лекарства. Изјавата ја пренесуваме во целост:

Во рамките на одбележувањето на 3-ти Декември, во понеделник со свои активности ќе го одбележи и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Прилеп, чија основна цел е севкупна општествена грижа и третман на лица со интелектуална попреченост на територијата на општина Прилеп и остварување и заштита на нивните општествени, социјални и економски права

Би можело да ве интересира

Новогодишни подароци за децата на прилепските бранители

Гордана Цветаноска

Советот на Општина Прилеп ја одржа 50 тата редовна, а втора онлајн седница

Гордана Цветаноска

20 години од масакрот кај КАРПАЛАК, почит за загинатите бранители

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе