17.6 C
Прилеп
недела, 15 септември, 2024
Пела Радио

Новогодишни подароци за децата на прилепските бранители

Здружението на резервни воени обврзници (ЗРВО) учесници во настаните 2001-2002 по повод новогодишните и божиќните празници, традиционално, организираше празнично дружење со семејствата на загинатите прилепски бранители во воениот конфликт од 2001 година. На пригодната дружба присуствуваше и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, кој ја искажа подготвеноста на локалната самоуправа во рамките на можностите секогаш да помага за добробит на семејствата на загинатите прилепски бранители.
По повод новогодишните празнувања, Општина Прилеп им додели новогодишни пакетчиња на децата од членовите на Здружението на резервни воени обврзници.
Новата Година и Божик секогаш носат пријатни изненадувања, па така и овој пат, вреди да се истакне и дека на децата на 10 мината загинати бранители, (ученици и средношколци) „Комерцијална банка“ АД Скопје им додели ваучери во вредност од по 5.000 денари.

Би можело да ве интересира

Здружението на резервни воени обврзници одбележа 15 годишнина од постоењето

Гордана Цветаноска

Со трагичен исход заврши потрагата по 46 годишниот прилепчанец

Елизабета Филипоска

Вооружен грабеж во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе