3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од 10-ти до 25-ти декември ќе се игра светиниколоскиот турнир во мал фудбал- турнирот има и хумани цели (ВИДЕО + ФОТО)

Традицијата продолжува и оваа година , во чест на патронот на градот Свети Никола , ќе се игра турнирот во мал фудбал и тоа во салата од основното училиште Добре Јованоски. Од 10-ти до 25-ти декември натпревари , возбудувања , атракции , голови и на овогодинешниот традиционален турнир во мал фудбал кој има и хумани цели. Од здружението на граѓани на спортови Марков Град – Прилеп велат дека и покрај тоа што во текот на изминатиот месец имало проблеми околу обезбедувањето на сала, сепак подпомогнати од генералниот спонзор Конфи Ангел и од други општествено одговорни компании како и стопанската комора , овој турнир сепак ќе се одржи. Александар Крстески  претседателот на ова здружение истакна дека и покрај помалиот капацитет на оваа сала , сепак очекува љубителите на малиот фудбал да присуствуваат на натпреварите  на турнирот каде ќе  продефилираат голем број на спортисти , деца , професионалци и рекреативци а бројката би била околу 900 , во зависност од бројот  на пријавени екипи. Исто така ќе се појави и поголемиот дел на репрезентативци од футсал репрезентацијата на Македонија.

Организаторите на турнирот планираат од првиот ден да има продажба на влезници кои би претставувале хуманитарен купон а тоа пак значи дека сите собрани средства од продажбата на влезниците ќе се донираат онаму каде што  е најпотребно. Влезниците ќе бидат со симболична цена од 50 денари а капацитетот на салата каде ќе се играат натпреварите е од 300 столчиња.Од организацискиот одбор на турнирот најавуваат и “live stream” на натпреварите кои ќе се играат по завршувањето на групната фаза како и ждребот одосно извлекувањето за групите.Инаку екипите ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи а ќе играат по систем секој со секого а двете најдобро пласирани од групата продолжуваат понатаму.А кога станува збор за наградниот фонд на турнирот во сениорска конкуренција , за освоено ПРВО место наградата е 240 000 денари , ВТОРО место 120 000 денари  и ТРЕТО место 60 000 денари. Кај пионерите организаторите планираат наградите да бидат во спортски,  реквизити , топки и плакети.

 

Би можело да ве интересира

“Преродба“ ја негува традицијата и за Св.Никола – се виткаат малите посни сарми со кои Прилеп влезе во Гинис

Елизабета Филипоска

Безбедносната состојба во Прилеп клучна точка на дневен ред на прилепските советници

Елизабета Филипоска

ДЕСПИНА ИМ ГИ “ДАДЕ„ БОДОВИТЕ НА СТРУЖАНКА

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе